
Постојат жени кои точно знаат што сакаат, одат сигурно кон целта, не се плашат од предизвици и никогаш не ја забораваат сопствената вредност. Тие се брзи во мислата, итри во чекорот, достоинствени во ставот и непогрешливи во присуството. Токму за нив е создадена креација „Majesty“ од ELENA LUKA, моден комплет што не се носи само на телото, туку и во карактерот.
Леопардот отсекогаш бил симбол на сила, моќ, инстинкт и природна доминација. Неговата енергија е преточена во овој впечатлив двоен комплет, кој уште на прв поглед испраќа порака за самоувереност и непоколеблив стил. „Majesty“ е создаден за жената што влегува во просторија и без зборови го освојува вниманието.
Изработен од луксузна брокатна ткаенина со живописен леопард принт, овој модел претставува смела модна изјава во духот на современата елеганција. Богатата текстура и впечатливиот дезен создаваат визуелна динамика која не останува незабележана.
Посебна димензија на раскош му даваат внимателно дизајнираните златни копчиња со препознатлив потпис на ELENA LUKA. Тие внесуваат доза на префинетост и сјај, како златни акценти што блескаат низ дивината на мотивот.
Сакото со остар и прецизен крој веднаш ја нагласува силуетата и носи авторитетен став, додека панталоните што совршено прилегаат создаваат линија која е истовремено моќна и грациозна. Тоа е комбинација на енергија и елеганција, редок баланс што го владеат само големите модни куќи.
А кога ставот е силен, самоуверен и бескомпромисен, тогаш изгледот зборува сам за себе.
Линк до креацијата
“Majesty” Two Piece Suit – ELENA LUKA
Н.Т