Панорамско тркало вградено во облакодер: Во градот наречен „Дубаи во Европа“

„Панорамско тркало вградено во облакодер“ (A Ferris Wheel Built Into a Skyscrape) тркало за панорамско разгледување вградено директно во структурата на облакодерот не е само необична идеја, туку вистински архитектонски експеримент што се појави во Батуми, град во Грузија на брегот на Црното Море што брзо се трансформира во еден од најдинамичните урбани центри во Европа.

Во срцето на Батyми се издига Batumi Tower, 200 метри висок облакодер, завршен во 2012 година, кој е еден од највпечатливите делови на градската силуета.

Архитектура што го привлекува вниманието

Зградата е дизајнирана во модернистички стил со доминантна бетонска конструкција и уникатен елемент- мини панорамско тркало вградено во една од фасадите на околу 100 метри над земја. Во овие „златни“ кабини може да се сместат околу 40 посетители кои би уживале во панорамски поглед на градот и морскиот брег, ако тркалото е во функција.

Овој необичен дизајн е резултат на амбициозна инженерска и архитектонска визија, вклучувајќи тестови во тунели за ветер и специјални решенија поради умерената сеизмичка активност на областа.

Иако оригиналната намена беше да служи како „Технолошки универзитет“, плановите пропаднаа и зградата стоеше празна неколку години. Подоцна, владата ја продаде за развој на хотелски комплекс, со дел од површините веќе реновирани до 2024 година.

Архитектонски контекст

Batumi Tower е вториот највисок објект во Грузија, а има и визуелни паралели со светски познати модерни архитектонски структури како Transamerica Pyramid во Сан Франциско со нагласена геометриска концепција и нагорни линии на фасадата.

Она што го прави овој проект навистина необичен е токму интегрираното тркало, кое на невообичаен начин спојува архитектура со забава и панорамски погледи, концепт што е сé уште редок во светот.

Новиот Дубаи

Батyми не е случајно избран место за вакви архитектонски амбиции. Овој град поминува низ интензивна фаза на развој, која во некои интернационални модни, инвестициски и туристички публикации се споредува со динамичниот развој на Дубаи, поради брзата експанзија на модерните згради, луксузните хотели и растечката економија.

 Туристички и економски бум

Во последните години, Батуми забележува раст на меѓународниот туристички сообраќај, што се одразува во значителен пораст на бројот посетители и парични приливи во економијата, ова влијае позитивно на хотелскиот, угостителскиот и транспортниот сектор. Големи странски и домашни инвестициски потфати, особено во недвижности и развој на нови висококатници и комплексни инфраструктурни проекти. Поволни услови за инвестирање, ниски даноци, правна стабилност и лесен процес за купување имот и добивање дозволи, што го прави градот атрактивен за капитал од целиот свет.

Овие фактори ги инспирираа делови од деловните медиуми да го нарекуваат „Дубаи во Европа“ или „Дубаи на Црното Море“, токму поради брзиот ритам на изградба на модерни згради, луксузни хотели, казино-културно-туристички комплекс и динамична ноќна сцена.

Нови проекти и силуета која се менува

Градот бележи експанзија на нови објекти: Babillon Tower, највисокиот станбен облакодер во Грузија, завршен во 2024 година, со 47 ката. Porta Batumi Tower, висечки модерен станбен облакодер, дел од големиот бран на висококатни згради во градот.

Cube Tower, во изградба е уште повисока структура што се очекува да стане највисока зграда во Грузија во 2027 година.

Овие проекти, заедно со развојот на луксузни хотелски комплекси како Wyndham Grand Batumi Gonio, ја зацврстуваат позицијата на градот како важен туристички и инвестициски центар во регионот.

Туризам и култура

Батyми нуди мешавина од современа архитектура, богата историја, културни настани и природни убавини. Познати знаменитости како Alphabetic Tower и Batumi Botanical Garden неодамна станаа туристички атракции кои ја дополнуваат модерната слика на градот.

Батуми е град кој брзо се трансформира од традиционален пристанишен град во динамичен, туристички и архитектонски центар со меѓународни амбиции. Интегрирањето на Ferris Wheel во структурата на Batumi Tower не е само привлечно визуелно, тоа го симболизира и новиот архитектонски дух на градот, кој се обидува да експериментира, да привлекува инвестиции и да се позиционира на глобалната карта на модерни урбани дестинации.

Н.Т