Петок во сиви нијанси

За убав викенд...

За последниот работен ден од оваа недела резервираме комбинација во сиви нијанси. Нашиот петочки предлог се црни хеланки и сив џемпер над бела кошула.

Овие две парчиња облека ги дополнуваме со сив капут, ракавици и грејачи за нозе во иста боја. Заокружуваме со сиво капче, светло кафени чевли и чанта во слична нијанса.

Имајте убав викенд.