
Последниот работен ден од оваа недела го резервираме за црвени детали. Петочки носиме елегантен, црн миди фустан со бели точки.
Фустанот којшто ја истакнува половината го дополнуваме со црвени потпетици и мини чанта во иста боја.
Вака стилизирани ви посакуваме убав викенд.