Плетените елеци се зимски must-have-Еве како ќе ги носиме оваа сезона

Плетените елеци, или како што многумина ги нарекуваат — винтиџ елеганција со модерен допир, оваа зима се враќаат во голем стил!

Од класичните англиски мотиви со ромбови до еднобојни, минималистички дизајни,  ова парче стана вистински моден фаворит на инфлуенсерите и љубителите на cozy стилот. Она што го прави плетениот елек толку посебен е неговата разновидност. Може да се комбинира речиси со сè, со кошула за елегантен изглед, со ролка за топлина и удобност, па дури и со гола кожа под него за малку поавангарден моден израз.

Како да го носите оваа сезона?

Комбинирајте го со широка бела кошула и панталони со висок струк за classy, урбан изглед. За casual денови, пробајте комбинација со џинс и патики, или со мини сукња и чизми до колена. Ако сакате повеќе боја, избери елек во пастелни нијанси или со геометриски дезени кои ќе внесат ведрина во студените денови.

Плетените елеци не се само практични, тие се симбол на повраток кон автентичниот, топол и женствен стил. Комбинирајте ги со дебели чорапи, високи чизми и кожен шорц, како што сугерираат модните уредници. Овој контраст на текстури секогаш изгледа впечатливо и шик.

Плетениот елек со ретро шема додава доза на носталгија, но и модерен шарм што совршено се вклопува во зимската атмосфера. Без разлика дали ќе го носите на работа, на кафе со пријателки или за уличен стил, плетениот елек е парче што мора да го имате во гардеробата оваа зима.

 

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian