Никол Кидман затвори уште едно поглавје од своите финансии и личен живот, продавајќи луксузен стан со неверојатен поглед на најпознатите знаменитости во Сиднеј.
Станот се наоѓа на 15-ти кат во комплексот Latitude, на една од најбараните локации во овој дел од градот, а она што дополнително ја зголемило неговата цена е погледот кон Операта и мостот Харбор.
Набргу по финализирањето на разделбата со Кит Урбан, Кидман го продаде домот за околу 5 милиони евра.
Имотот располага со пространа дневна зона со отворен концепт, модерна кујна и повеќе бањи, како и големи прозорци што овозможуваат изобилство од природна светлина.
Како дел од ексклузивниот комплекс, станот нуди пристап до луксузни заеднички содржини како затворен базен, фитнес и велнес простор.
Никол Кидман и Кит Урбан стапија во брак во 2006 година и имаат две деца Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.
Во продолжение ѕирнете во станот со поглед кој чини пет милиони долари.







