Понеделник е за кафеави нијанси

За убав ден...

Понеделнички стартуваме со топли, кафеави нијанси. За почеток на работната недела предложуваме плисиран фустан под колена.

Фустанот, со мал отвор кај деколтето, го дополнуваме со кафеава кожна јакна и високи чизми на потпетица во иста боја.

Стајлингот го заокружуваме со кожна кафена чанта.

Имајте убав ден.