Понеделник во беж тонови

Работната недела ќе ја започнеме со елегантна, пролетна комбинација во беж тонови. Понеделнички предложуваме беж панталони над глужд коишто ги спојуваме со бела блуза.

Комплетираме со кратка јакна во темно бежова нијанса и светло беж чевли од превртена кожа.

Стајлингот го заокружуваме со ремен и чанта во иста боја како јакната.

Имајте убав ден.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian