Впечатливите бои умеат добро да ја освежат и разиграат секоја комбинација, па затоа понекогаш е добро да вклучиме малку боја во стајлингот.
Без разлика за која нијанса станува збор, бојата секогаш го подигнува аутфитот на едно повисоко ниво.
Модните ентузијасти знаат како одлично да ги спојат боите, а доколку сте од оние кои малку се двоумат ве советуваме да почнете со едно впечатливо парче.
Најчестите комбинации ја вклучуваат неутралната бела, а неретко боите можеме да ги сретнеме во сојуз со земјени тонови.
Во продолжение неколку интересни идеи за тоа како можеме да носиме боја во сезоната што следи.