Во време кога естетиката на домот станува подеднакво важна како и модата, платформата FASHIONEL заедно со брендот ELENA LUKA HOME ја отворија сезоната со креативен предизвик што го подигна домашното уредување на сосема ново ниво. Наградната игра „НАЈДЕКОРАТИВНА МАСА“ ги повика љубителите на стилот, дизајнот и празничната атмосфера да создадат трпеза што не се поставува за јадење – туку за аплауз.
Концептот беше јасен: масата како визуелна композиција, како стилска сцена на која секој детал има своја улога. Без сервирана храна и без класична трпезариска функција, туку со фокус на естетиката, хармонијата и креативната приказна што ја раскажува секоја поставка.
Интересот беше исклучително голем. Во редакцијата на FASHIONEL пристигнаа бројни фотографии од учесници кои со многу внимание, инспирација и љубов кон деталите создадоа уникатни визуелни сцени. Секоја маса имаше своја атмосфера, своја приказна и свој карактер, од модерни минималистички композиции, до романтични, празнични или гламурозни поставки.
По завршувањето на наградната игра, стручно жири составено од експерти за внатрешно уредување и декорација од ELENA LUKA HOME, како и модните експерти од FASHIONEL, внимателно ги разгледа сите пристигнати апликации. Одлуката не беше лесна, секоја пријава носеше оригиналност и креативност, а изборот на трите најдобро декорирани маси беше резултат на долг процес на анализирање на стилот, композицијата и естетската целина.
Сепак, три композиции успеаја да се издвојат со својата силна визуелна приказна.
Наградата од 1.000 евра оди кај Сања Дончева.

Таа создала маса која плени со софистицирана елеганција и атмосфера што потсетува на гламурот на аристократските вечери.

Композицијата е луксузна, но ненаметлива, со внимателно балансирани елементи што создаваат чувство на моќна, но суптилна естетика.

Црвените детали внесуваат драматичност и страст во сцената, додека секој поставен елемент изгледа како дел од внимателно режирана визуелна приказна.

Масата делува како кадар од филм, стилска, впечатлива и со прецизно осмислена композиција во која секој детал има своја улога.
Наградата ексклузивен фустан од ELENA LUKA ја добива Даниела Антониева.
Композиција инспирирана од природата и пролетната свежина. Зелената боја доминира како тон што ги смирува сетилата и создава чувство на хармонија.

Лалињата, поставени како централен акцент, дополнително ја нагласуваат природната естетика и ја засилуваат пролетната атмосфера.

Декорациите се нежни, суптилни и внимателно комбинирани, создавајќи автентичен спој меѓу природата и секојдневниот домашен амбиент.

Наградата луксузен сет чинии од ELENA LUKA HOME ја освојува масата на Сања Цветановска.
Ја доловува топлината на празничната атмосфера. Композицијата е минималистичка и едноставна, но токму во таа едноставност лежи нејзината привлечност.
Декорациите се внимателно одбрани и поставени со чувство за рамнотежа, додека орнаментите внесуваат празничен карактер и чувство на домашна топлина.
Целата поставка делува природно, интимно и искрено – како сцена што ја слави радоста на заедничките моменти.
Им честитаме на добитниците и на сите кои ни испратија кретивни идеи.
Со оваа наградна игра, FASHIONEL и ELENA LUKA HOME уште еднаш потврдија дека стилот не завршува со модата, туку продолжува и во просторот во кој живееме. Масата, како центар на домот, може да стане платно за креативност, инспирација и личен израз.
А „НАЈДЕКОРАТИВНА МАСА“ покажа дека понекогаш е доволно само малку имагинација, чувство за естетика и љубов кон деталите – за обичната трпеза да се претвори во вистинско мало уметничко дело.
Добитниците на наградите ќе бидат исконтактирани од тимот на FASHIONEL. Подигнувањето на наградите ќе биде со лично присуство и автентикација на избраната маса. Следува и сликање за да се овековечи чинот.