Пркоси на времето: Ѕвездата на „Сулејман Величествениот“ на 82 години позираше во костим за капење

Турската актерска дива Небахат Чехре, позната како Валиде султанијата од „Сулејман Величествениот“, ги воодушеви сите на 82 години

Турската актерска дива Небахат Чехре, која домашната и регионалната публика најдобро ја памети по улогата на Валиде (Мајката) султанија во серијата „Сулејман Величествениот“, повторно се најде во центарот на вниманието.

Но, овојпат причината не е некоја нова телевизиска улога, туку опуштена фотографија од летувањето во Бодрум, со која на социјалните мрежи ја покажа неверојатната фигура и младешката енергија, иако во март го прослави својот 82. роденден.

Фотографијата на која Небахат Чехре позира во едноставен едноделен костим за капење предизвика вистинска лавина позитивни коментари на нејзиниот Инстаграм профил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NebahatÇehre (@nebahatcehre)

„Како да не остарела ниту еден ден“, „Засекогаш наша султанија“ и „Жена која не ги познава годините“ се само дел од реакциите на воодушевените обожаватели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NebahatÇehre (@nebahatcehre)

Едноставно правило за младешки изглед

Како што често истакнуваат турските медиуми, легендарната актерка со години ги поместува границите кога станува збор за убавината и стареењето.

Самата Небахат повеќепати изјавила дека не постои таен рецепт за младост, туку само строга дисциплина и здрави навики.

Нејзиното правило е едноставно:

Јаглехидратите како леб и тестенини ги јаде исклучиво за појадок. Помеѓу оброците консумира само салати и овошје, а црвеното месо речиси целосно го заменила со свежа риба.

Секојдневно пие најмалку две литри вода, а нагласува дека токму умереноста и редовноста се клучот за нејзината форма.

Од Мис на Турција до големи животни разочарувања

Иако денес изгледа како жена која зрачи со мир и стабилност, животот на Небахат Чехре во многу моменти бил потежок од сценаријата на сериите во кои глумела.

Нејзината кариера започнала во 1960 година, кога била избрана за Мис на Турција, што подоцна ѝ овозможило учество и на изборот за Мис Универзум.

Но патот до славата не бил лесен.

Татко ѝ го изгубила кога имала само пет години, а таа загуба длабоко ја одбележала.

Растејќи со мајка која подоцна двапати се омажила, Небахат опишувала дека детството и младоста биле тежок период на прилагодување и дека никогаш целосно не ја надминала болката од предвременото заминување на татко ѝ.

Несреќна љубов и тежок брак

Ниту љубовниот живот на славната убавица не бил бајка.

Бил обележан со тежок брак и развод.

Според некои нејзини подоцнежни интервјуа, таа зборувала за тешките моменти во бракот, меѓу кои и тврдења дека нејзиниот сопруг намерно ја повредил со автомобил.

По разводот, актерката одлучила никогаш повеќе да не се врати на некои делови од минатото, па дури признала и зошто никогаш не го посетила неговиот гроб.

Големиот актерски камбек

По бурните приватни години, Небахат Чехре посериозно се вратила на актерството во 2004 година.

Но улогата што ѝ донесе нова генерациска слава беше онаа на Ајше Хафса Валиде султанијата во серијата „Сулејман Величествениот“, која ја играше од 2010 до 2012 година.

Со оваа улога таа го зацврсти статусот на една од најголемите легенди на турската кинематографија.

Денес, гледајќи ги нејзините фотографии од одмор, Небахат Чехре останува доказ дека годините и животните искушенија не мора да ја одземат убавината.

Напротив – понекогаш токму тие создаваат жена со уште поголема сила, карактер и достоинство.