Денис Ричардс штотуку сподели искрени фотографии „пред и потоа“ од својот фејслифт и не задржа ништо за себе да сокрие.
На 55 години, актерката откри точно што направила: фејслифт, темпорален лифтинг на веѓите, операција на горните очни капаци, лифтинг на усни и трансплантација на масти – сè изведено од д-р Бен Талеи.
Но она што ја прави оваа приказна интересна не е само интервенцијата. Со години, Денис цврсто стоеше зад ставот „никогаш“ кога стануваше збор за фејслифт.
„Ова е моето лице. Со него заработувам“, велеше таа – држејќи се до минимален ботокс и многу малку филери.
Сепак, признава дека имало нешто друго. Иако избегнувала естетски третмани, чувствувала дека работите повеќе не изгледаат како порано и таа мисла ја следела цели две години.
Сè додека еден момент не променил сè.
Не желба да изгледа поинаку, туку желба повторно да изгледа како себе.
„Сакав да ги вратам работите таму каде што беа претходно“, признава таа.
А кога конечно го направила тоа, резултатот ја изненадил дури и неа.
„Разликата е како ноќ и ден.“
Ѕвездата откри и нешто што многумина не го сфаќаат.
Откако јавно проговори, нејзините колеги приватно ѝ се јавиле, одеднаш почувствувале поголема слобода да признаат дека и тие направиле слични интервенции.
Затоа што, како што вели Денис, не секогаш зад совршениот изглед стојат „серуми, тренинзи и ласери“.
Понекогаш, станува збор за нешто повеќе.
Дали мислите дека повеќе славни личности треба да бидат вака искрени за естетските зафати?
Н.Т