ELENA LUKA создава облека што ги следи различните животни стилови, потреби и вкусови на современата жена. Токму затоа, колекциите на брендот не се ограничуваат само на ексклузивни couture креации за црвени килими и свечени пригоди, туку нудат и префинети ready-to-wear модели кои ја спојуваат удобноста, квалитетот и препознатливиот дизајнерски потпис.
Од раскошни рачно изработени вечерни фустани, преку деловни комбинации, па сè до лежерни летни сетови, ELENA LUKA покажува дека луксузот не е резервиран само за специјални настани. Напротив, тој може да биде дел од секојдневието, преточен во внимателно избрани материјали, беспрекорен крој и детали што ја прават секоја комбинација препознатлива.
Меѓу највпечатливите ready-to-wear парчиња за ова лето се издвојува Piccola Set, разигран дводелен комплет од колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, создаден за жените кои сакаат безгрижна елеганција и практичност без компромис со стилот. Сега со екслузивен попуст
Изработен од лесна, пријатна ткаенина со суптилни пруги, сетот внесува свежина и медитерански дух во секој летен стајлинг. Горниот дел е составен од опуштена кошула со долги ракави, класично закопчување и врзување во предниот дел, кое дискретно ја нагласува половината и создава современа, женствена силуета.
Комбиниран е со шорцеви со висок струк и еластичен појас, кои овозможуваат максимална удобност, лесно движење и совршено прилегање. Минималистичкиот крој и внимателно избалансираните пропорции го прават Piccola Set идеален избор за различни пригоди, од утринско кафе покрај море, прошетки низ медитерански градови и летни патувања, до урбани дневни комбинации и опуштени викенд моменти.
Сетот е достапен во три внимателно избрани варијанти на бои, азурно сина, кремаста и маслинесто зелена, нијанси кои совршено ја доловуваат атмосферата на летото и лесно се комбинираат со различни модни додатоци.
Она што го издвојува Piccola Set е неговата едноставност, која не значи обичност. Напротив, токму преку чистите линии, прецизниот крој и квалитетната изработка, ELENA LUKA уште еднаш покажува дека вистинската елеганција се крие во деталите.
Како дел од колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, овој сет го носи препознатливиот медитерански дух на брендот, лесен, софистициран и безвременски. Тој е создаден за жената која сака да изгледа современо и префинето, без притоа да се откаже од удобноста.
Н.Т