Во текот на постудените денови, често забораваме на моќта на елеганцијата што ја носи белата боја, а Шерон Стоун не потсети на тоа.
Актерската дива Шерон Стоун е позната по одличниот избор на костими и секогаш ни е инспирација кога планираме да носиме такво нешто. Ништо поинаква ситуација не беше и сега, а нејзиниот изглед на црвениот тепих би сакале да го пресликамe за време на свечената сезона која е пред нас. Шерон Стоун се појави во прашливо бел костим потпишан од луксузниот бренд Брнело Кучинели.
Костимот изгледа како да е изработен во животински дезен со бели светски кои нежно се прелеваат и целокупниот изглед го прават автентичен за забава. Костимот е елегантен и софистициран, а „животинскиот дезен“ го прави целиот изглед многу елегантен. Oversized сакото и панталоните секогаш се во тренд, а ова е доказ дека во прашливо бела боја изгледаат прилично женствено.
Целиот изглед на Стоун го заокружи со класична бела кошула со висока јака, едноставни светли салонки и шик детал како финален акцент. За нас, овој костим сега е на листата на желби, а пред да одберете аутфит за приеми и забави, сигурно ќе се сетите на оваа опција кога повторно ќе посегнеме по секогаш очекуваните црни светки.
Н.Т