Ако и за најсвечената вечер најрадо избирате панталони, од линијата ELENA LUKA ANGELS „She Is Here“ („Таа е тука“) издвојуваме две креации што вреди да ги пробате. И двете го нагласуваат струкот и имаат широки ногавици што паѓаат речиси до подот. Она што на секоја ѝ дава посебен карактер е кројот над појасот.
Смарагдниот комбинезон го привлекува погледот со длабокото V-деколте, обликувано со преклоп. Широките кратки ракави меко паѓаат преку рамениците, а широкиот ремен со правоаголна тока во истата зелена нијанса ја истакнува половината.

Страничните џебови внесуваат доза на лежерност и во свечена комбинација. Со златни обетки би го носеле на деловен прием, а со мала металик чанта и на зимска свадба.
Графитносивиот комплет ја открива својата најинтересна страна во драпирањето.

Ткаенината на блузата со висока јака и долги ракави се спушта дијагонално од едното рамо и се вкрстува напред, оставајќи мал триаголен отвор над појасот. Во комбинација со панталоните со висок струк и предни фалти, ова е впечатлив избор за коктел или за отворање изложба. А за деловен состанок, истите панталони одлично би изгледале и со класична бела кошула.
За Black Friday, ELENA LUKA најавува огромен попуст на речиси целата облека во продавницата на првиот кат во ГТЦ и во ателјето во Капиштец, како и на онлан странатаEL ANGELS – ELENA LUKA
Не пропуштајте ја можноста да го изберете своето омилено парче и да ја збогатите гардеробата со квалитетна, автентична креација со потпис на македонскиот моден бренд.
Секогаш имате избор со ELENA LUKA. Кој е вашиот фаворит?