Со свеченост каква што ретко се памети на македонската градежна сцена, ELENA LUKA HOME, на сопственикот и генерален директор на ELENA LUKA GROUP, Г-ѓа Елена Лука, официјално го отвори FUTURA 2, вториот премиум станбено-деловен објект во рамките на ексклузивниот FUTURA Complex, означувајќи уште една значајна пресвртница во современиот урбан развој на Скопје.

Вечер исполнета со емоции, аплаузи, музика, светлина и илјадници балони го одбележа официјалното предавање на фасцинантниот објект на неговите сопственици, симболичен момент што означи почеток на едно ново животно поглавје за десетици семејства.

Во присуство на бројни станари, деловни партнери, соработници, претставници на јавниот живот и пријатели на ELENA LUKA HOME, FUTURA 2 беше претставена не само како нов објект, туку како ново архитектонско обележје на градот.
Свечената програма ја водеше еден од најпознатите македонски шоумени, Игор Џамбазов, кој на својот препознатлив начин ја отвори вечерта со инспиративен говор за значењето на домот, потсетувајќи дека зградите се градат од бетон и челик, но домовите од спомени, љубов и живот.
„Ова е проект создаден со една едноставна, но многу важна идеја, домот не е местото каде што само живееме. Домот е местото каде што ги создаваме нашите најважни спомени. Архитектурата денес не треба само да биде убава на фотографија. Таа треба да биде сигурна, функционална и човечка. Да им даде на луѓето чувство дека пристигнале на вистинското место. А FUTURA го нуди сето тоа- рече Џамбазов и додаде:
„Вечерва пред нас стои жена која со децении ги поместува границите на можното.
Единствената жена во Македонија и во светски рамки која повеќе од 37 години е дел од градежништвото, индустрија што важи за една од најтешките, најодговорните и традиционално најмашките професии.

И токму таму, на тој суров и бескомпромисен пазар, таа не само што опстана.
Туку стана најдобра во земјава и светот. Со визија. Со знаење. Со интегритет.
Со огромна лична одговорност. И со храброст да го преземе ризикот што ретко кој би се осмелил да го преземе.
Според анализите на женското претприемништво и лидерство во градежниот сектор, таа припаѓа на исклучително мал број жени во светот кои самостојно, со 100 проценти сопствен капитал, без партнерства и без заднински инвеститори, изградиле империја во традиционално машки сектор.

ELENA LUKA HOME денес е синоним за професионализам, сигурност, врвен квалитет и доверба. Градежна компанија која ги урна стереотипите во архитетурата, помести граници и создаде уникатноат и стабилност. Сето тоа се должи на дамата која направи револуција во градежништвото, која со употреба на нови технологии, поинаков пристап на нештата, осмислување на естетика и фунција, квалитетот на градбата, инфраструктура… овозможи домување за генераци и генрации.

Затоа што зад секој проект стои нејзина визија. Нејзина одлука. Нејзина одговорност. И нејзино лично име. Таа не инвестира само капитал. Таа инвестира знаење. Таа инвестира доверба. Таа инвестира дел од себе.
Зад неа стојат илјадници реализирани станови, препознатливи објекти и генерации семејства кои својот дом го пронашле токму во нејзините визии. Број еден не е само дефиниција, туку вистинска демонстрација на квалитетно сработеното кое се гледа.
Но големите луѓе не освојуваат само една индустрија.

Таа е прва и единствена во Македонија која и во модата направи револуција и одново го освои врвот.
Го создаде брендот ELENA LUKA кој денес и после 30 години е најсилното и најпрепознатливото име во македонската модна индустрија.
Но бренд кој одамна ги надмина границите на Македонија.

Бренд кој е присутен на странските пазари. Бренд чиј дизајн е препознатлив, автентичен и почитуван и надвор од нашата земја. Нејзината висока мода е надалеку позната, а вонвременскиот дизајн е потврда дека и во овој сектор важи квалитетот, неприкосновената изработка и врвна визија. Едуцираше многу модни дизајнери, безброј креативни работичници, учества на прстижни светски модни недели и самостојни модни ревии кои се гледаат со восхит.

За неа пишуваат светски познатите модни магазини како лидерка која обединува толку силни професии, и толку успешно- со години.
Редок пример кој успеал да биде врвен во две целосно различни индустрии.
Но, во своето порфолио го има веќе 12 години и медиумот Фешнел, единствен од тој тип на овие простори кој спојува мода и архитектура. Авторитативен, прецизен, суштински и релевантен. И преку него гради мудрост.
Ги освои најпрестижните награди во земјава и на меѓународно ниво како најуспешна жена во бизнисот. Ја опишуваат како најсилната жена која помага и во афирмација и мотивација на жените, во развој на нивните бизниси.
Таа е и голем хуманитарец. Секогаш на првата линија онаму каде што треба да се помогне, да се поттикне, да се биде едноставно човек за човек. Стотици организирани хуманитарни настани, донации, се на лице место!
Едноставно, таа е веќе запишана во македонската историја и колетивна меморија.
Но можеби нејзиниот најголем успех не се објектите. Не се компаниите. Не се наградите. Не се брендовите. Не е ни успехот.
Нејзиниот најголем успех се луѓето. Луѓето што ги создаде. Луѓето со кои работи како тим. Луѓето што ги едуцираше. Луѓето во кои инвестираше. Луѓето што ги мотивираше да станат подобри професионалци и подобри верзии од себе.
Таа создава архитектура. Создава мода. Создава компании.
Но пред сè – создава иднина.
Жена визионер.
Жена лидер.
Жена борец.
Жена која докажа дека успехот нема пол.
И дека кога ќе се спојат знаењето, храброста, визијата и истрајноста – нема невозможни врвови. Ја повикувам на сцената г-ѓа Елена Лука, сопственичката и генерален директор на ELENA LUKA GROUP“.
Со голем аплауз беше поздравена и пречекана г-ѓа Лука, која се обрати пред присутните, зборувајќи за визијата зад FUTURA, за современото домување и за филозофијата според која секој проект треба да биде создаден за луѓето и за генерациите што ќе живеат во него.
„Почитувани наши пријатели, деловни партнери, соработници, претставници од институциите, драги гости, добре дојдовте на свеченото отворање на „FUTURA 2“.
Браво за работата досега. Дојдовме до точка каде што можам да кажам дека за тимот на „ELENA LUKA HOME“ ова не е само завршен проект и затворена инвестиција, туку е старт на нови почетоци — за нови стотици семејства за кои ова е дом, убав живот, спомени и за неколку генерации детски насмевки и убавини.
Воедно, морам да кажам дека ова за нас беше голем предизвик и уште еден креативен, архитектонски модерен и современ проект, кој е урбанистички одлично дело на оваа локација. Но, тоа беше и огромна одговорност, бидејќи требаше да изградиме домови во кои луѓето ќе се чувствуваат сигурно, безбедно, достоинствено и среќно.
Ако ги погледнеме сите овие изведени фасади и ѕидови, зад нив стојат години работа, размислување, проектирање, студирање на проектот, многу часови без контролна работа, бесконечни искушенија и многу поединци кои беа заедно со нас на ова ново градежно патување.
Затоа, од мое лично име и од името на тимот на „ELENA LUKA HOME“ им се заблагодарувам на сите наши инженери, архитекти, изведувачи, мајстори, проектанти, добавувачи, претставници од банките и институциите, како и на секој поединец кој беше дел од нашата логистика. Отворено ви благодарам на сите!
Меѓутоа, мојата најголема радост оди во правец на сите веќе присутни тука. Вие сте новите станари кои ни ја дадовте довербата и овде ги градите вашите домови. Нема поголема чест за една градежна компанија од тоа да ја добие довербата на новите станари. Ви благодариме што ја избравте „ELENA LUKA HOME“ и сигурна сум дека нема да зажалите за изборот.
Уште еднаш им честитам на сите кои си купија стан, а воедно и на инвеститорите во деловните простори, затоа што овој проект поставува нови стандарди.
Да се потсетиме уште еднаш, нашата нова адреса е „ELENA LUKA HOME“- рече во својот свечен говор Г-ѓа Елена Лука.
Кулминацијата на вечерта беше свеченото сечење на лентата, со што FUTURA 2 и официјално беше предадена на своите сопственици.
Прославата продолжи во празнична атмосфера со концерт на Игор Џамбазов и неговиот бенд.
Додека за музичката атмосфера во текот на вечерта беше задолжена DJ Вера Јановиќ, која со внимателно избран музички сет ја надополни елегантната атмосфера на настанот.
Врвниот кетеринг, внимателно осмислената организација, свечената сценографија и беспрекорната продукција уште еднаш ја потврдија препознатливата посветеност на ELENA LUKA HOME кон секој детал.
FUTURA 2 – современ концепт за домување
FUTURA 2 претставува втор премиум станбено-деловен објект во рамките на FUTURA Complex, кој го продолжува концептот започнат со FUTURA 1 и претставува дел од поголема урбана целина што ќе ја сочинуваат четири меѓусебно поврзани станбено-деловни објекти.
Лоциран на булевар „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, на само неколку минути од центарот на Скопје, комплексот е поставен во урбана средина со развиена инфраструктура, непосредна близина до училишта, паркови, маркети и останатите содржини неопходни за современо секојдневие.
Со вкупна површина од 10.627 квадратни метри, FUTURA 2 располага со 135 станбени единици со квадратури од 35 до 88 квадратни метри, проектирани со функционални распореди што одговараат на различни животни потреби. Објектот содржи и 949 квадратни метри современ деловен простор, како и 135 паркинг-места распоредени на три подземни нивоа.
Она што го издвојува проектот е вниманието посветено на квалитетот и долгорочната вредност.
Во изградбата се применети сертифицирани европски градежни материјали, германски прозорски системи со термичка и звучна изолација, санитарна опрема од реномирани германски и шпански производители, современи лифтови според највисоки безбедносни стандарди, како и конструктивни системи со висок степен на механичка стабилност и сеизмичка заштита.
Посебен акцент е ставен и на високата енергетска ефикасност и термо-звучната фасада, што овозможува повисок квалитет на живеење и долгорочна енергетска одржливост.
Архитектонски, FUTURA 2 се одликува со чисти современи линии, прецизно обликувани фасади и функционално организирани простори, создадени како баланс помеѓу естетиката и практичноста. Секој стан е проектиран така што максимално ја користи природната светлина и овозможува удобност, приватност и рационална организација на просторот.
Визија што продолжува да го менува урбаното живеење
Со реализацијата на FUTURA 2, ELENA LUKA HOME уште еднаш ја потврдува својата определба да создава современи станбени концепти кои не се сведуваат само на изградба на објекти, туку на создавање квалитетна средина за живот.
Комплексот FUTURA е замислен како нов урбан концепт што ги обединува архитектурата, функционалноста, современата инфраструктура, безбедноста и високите стандарди на градба во единствена целина. По FUTURA 1 и FUTURA 2, развојот на комплексот продолжува и со FUTURA 3–4, со што целиот концепт ќе опфати 399 станбени единици и повеќе од 47.600 квадратни метри развиен простор.
Зад проектот стои ELENA LUKA HOME
FUTURA 2 е дел од портфолиото на ELENA LUKA HOME, компанија препознатлива по изградба на најсовремени станбени и станбено-деловни комплекси, која своите проекти ги темели на квалитетна изведба, функционална архитектура и долгорочна вредност. Најдобрите во земјава.
Свеченото отворање на FUTURA 2 не беше само прослава на успешно реализиран проект. Тоа беше симболична потврда дека архитектурата има најголема вредност тогаш кога станува простор во кој луѓето ќе ги создаваат своите најважни животни моменти.
Со FUTURA 2, ELENA LUKA HOME не отвори само уште една зграда.
Отвори нова адреса на која ќе започнат стотици нови животни приказни.
Мојата нова адреса е ELENA LUKA HOME
Небојша Толески
Галерија































































































Визија што продолжува да го менува урбаното живеење
Зад проектот стои ELENA LUKA HOME