Актерката и пејачка Зендаја Мари Стоермер Колман е моментално една од најголемите млади ѕвезди во Холивуд.
Освен тоа таа важи за модна икона, а нејзиниот стил е инспирација за многу млади девојки и жени.
Татко и е со нигериско а мајка со германско- шкотско потекло. Зендаја е најмладата ѕвезда што освоила две Еми награди за најдобра женска актерка во драма.
Покрај Еми Зендаја има добиено и Златен глобус, а најголема популарност стекнува во 2017 година кога игра заедно со Том Холанд во филмот Spider-Man: Homecoming.
Младата актерка има работено за Michael Kors, Dolce & Gabbana, а дизајнираше и колекција на чевли и облека наречена Daya.
Во 2018, стана амбасадор за Tommy Hilfiger, а соработуваше со модната куќа и на капсулната колекција Tommy x Zendaya.
Следната година станува моден амбасадор и на Lancôme, по што следува ангажман за Bulgari и Valentino, за во 2023 да стане амбасадор и за Louis Vuitton.
Таа годинава се вери со нејзиното момче Том Холанд, а парот е во врска од 2021 година.
Среќен 29-ти роденден Зендаја.
Фото: Pinterest