Среда е за неутрални тонови

За убав ден...

На средина на работната недела носиме неутрални тонови. Предложуваме класични, црни панталони во комбинација со бела маичка. 

Овие две парчиња облека ги дополнуваме со долг, бежов блејзер и чевли во црна и кремава нијанса.

Финишираме со црн ремен и чанта во песоклива боја.

Имајте убав ден.