
Хрватската мега ѕвезда Северина се појави во елегантен бел фустан и со впечатлива чанта во форма на печурката мухара на отворањето на хуманитарната изложба „178 – Лица на солидарноста“, проект кој собира средства за 178 деца од СОС Детско село Хрватска.
Изгледот на Северина – бел фустан и чанта што го украде вниманието
На отворањето на изложбата Северина носеше елегантен бел фустан од брендот Симхаи, а посебно внимание привлече чантата во форма на печурка мухара од брендот Стауд – еден од најинтересните модни детали на вечерта.
Не е тајна дека гардероберот на Северина содржи некои од највпечатливите модели на чевли и чанти со дизајнерски потпис, а оваа комбинација уште еднаш го потврди нејзиниот препознатлив стил.

Изгледот го надополни со елегантни салонки со машна од брендот Џими Чу, уште едно впечатливо модно парче кое лесно го привлекува вниманието.
Инаку, вистинската црвена мухара е отровна, а нејзиниот отров делува на централниот нервен систем и предизвикува нарушувања на свеста, еуфорија и психози. Доколку се консумира во поголеми количини, може да предизвика тешки гастроинтестинални нарушувања, откажување на циркулацијата и парализа на дишниот систем. Потешко труење бара лекување во болница.
Оваа на Севе не е така опасна, но пораката е јасна- „Не си играјте со мене“
За потестување, пејачката има чанти во најразлични форми, како онаа во форма на ананас која стана регионален моден хит.
Н.Т