Ријана стана мајка по трет пат. Таа среќната вест ја објави официјално и на Инстаграм постирајќи слика од неа и бебенцето.
По две момчиња овој пат пејачката и нејзиниот партнер Ејсап Роки станаа родители на девојче.
Девојчето се роди на 13-ти септември, а гордите родители ја продолжија традицијата и повторно одбраа име што започнува на Р – Роки Ајриш Маерс.
За потсетување Ријана и Роки се родители и на тригодишниот РЗА и двегодишниот Рајат.
Фото: Instagram