
Италијанската дива Моника Белучи уште еднаш докажа дека годините за неа се само број, засенувајќи ги сите присутни на филмскиот фестивал во Франција. Во гламурозно црно издание, 61-годишната актерка со леснотија ги привлече сите погледи на баскискиот брег.
Ѕвездата на култните филмови се појави на четвртото издание на Nouvelles Vagues International Biarritz Film Festival. Иако на настанот присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои и претседателката на жирито Кристен Стјуарт и Марион Котијар, италијанската икона на убавината го украде шоуто.
За прошетка по сончаниот француски брег, Моника Белучи избра долг црн фустан на преклоп со исклучително длабок шлиц кој суптилно ја нагласи нејзината фигура. Едноставната, но впечатлива креација со долги ракави ја надополни со црни чевли на многу висока платформа, темни очила за сонце и структурирана мини чанта.
Втората креација беше сет од кошула, палото и панталони. Црна и бела боја. И во ова издание остана своја на своето. Закопчана целосно, а зрачи со самодоверба, убавина, автентичност.
Нејзиното беспрекорно појавување на црвениот тепих доаѓа неколку месеци по официјалното раскинување со легендарниот режисер Тим Бартон. Парот беше во врска од 2022 година до септември минатата година, а се разделија во многу пријателски односи. Актерката тогаш за италијанскиот Vogue искрено призна дека Бартон засекогаш ќе има посебно место во нејзиното срце. Нивниот однос го опиша како патишта што се сретнале, извесно време оделе заедно, а потоа повторно се разделиле.
Нејзиниот приватен живот и љубовните раскинувања очигледно не го забавиле нејзиниот професионален ритам. Обожавателите наскоро можат да ја очекуваат во новото филмско остварување „Ketticè“ на италијанскиот режисер Џовани Торторичи, на кое работел и Лука Гвадањино. Сценариото е сместено во Палермо во 2012 година, а Белучи во него ја игра улогата на глава на аристократско сицилијанско семејство.