Во 80-та година од животот, на 16 декември 2025 година, почина еден од највлијателните, а сепак често „најмалку познатите“ британски модни дизајнери — Ентони Прајс (Antony Price). Неговото заминување од светот на модата остави празнина во културата што ја обликуваше со својот непогрешлив стил и креативна визија повеќе од пет децении.
Од Јоркшир до модната слава
Прајс е роден на 5 март 1945 година во Кигли, Јоркшир, Англија, и уште како млад покажал талент за уметност и дизајн. На 16 години започнал студии на Bradford School of Art, а потоа се преселил во Лондон каде што студирал на престижниот Royal College of Art — прво во женска мода, а подоцна и во машка.
Прајс ја започнал својата кариера во светот на мода веднаш по дипломирањето, работeјќи најпрво за Stirling Cooper, каде создавал машка облека — вклучувајќи ги и “body-hugging” панталоните што ги носел Мик Џегер на турнејата на The Rolling Stones во 1969 година.
Мода, музика и легендарни соработки
Она што го издвојуваше Прајс од други дизајнери беше неговата способност да ги спои модата и музиката, создавајќи изгледи што не само што ги носеа ѕвездите, туку и ѝ даваа стилски иденитет на цела генерација.
За Roxy Music, тој создаде универзално препознатливи визуелни концепти — од сценски костими до облеки на членовите и „Roxy Girls“ на омотите на албуми, што ја одбележа естетиката на групата.
Прајс потоа работеше со бројни музички и културни икони: Дејвид Боуви, за кого дизајнирал осмислени изгледи што одговарале на неговите сценски перформанси, Дјуран Дјуран, чии пастелни костими за „Rio“ станале симбол на стилот на 80-тите, Џери Хол и други светски познати личности.

Неговиот бренд, основан во 1979 година, исто така остави длабок белег на британската модна сцена со свои бутици на South Molton Street и King’s Road во Лондон.
Стил што ја дефинира сцената
Прајс често беше опишуван како дизајнер со извонредни технички способности да склопи облека што ја обликува силуетата и создава неверојатна визуелна динамика. Тој совршено ја спојуваше машката и женската мода, честопати создавајќи креации кои биле истовремено еротски и скулптурални.
Неговиот стил ги инспирираше колегите — вклучувајќи го и Филип Трејси, кој го нарекол „вистински визионер“ со „непобедлив технички талент“.
През 1989 година, Прајс ја доби Evening Glamour Award од British Fashion Council, кој го поздрави како „вистински оригинал“ и важен промотор на индивидуалноста и креативноста.
Повраток пред крајот
Неговото заминување не дојде без големо враќање. Помалку од еден месец пред смртта, Прајс направи долгочекувана појава на подимот во Лондон во соработка со модната куќа 16Arlington, каде што колекцијата беше прикажана со голем интерес од модните кругови и јавноста.
Спомен за визионер
Дизајнерот остави наследство кое ќе живее во модата и поп-културата. Неговата способност да создава изгледи што зборуваат — не само да се носат — ќе продолжи да инспирира нови генерации дизајнери и љубители на стилот.
Многумина го нарекуваат „најголемиот дизајнер што можеби никогаш не сте го слушнале“, но кој покажа дека вистинската модна икона не треба секогаш да биде име на секој наслов, туку впечаток што го остава на сите околу себе.
Н.Т
Мода, музика и легендарни соработки
Стил што ја дефинира сцената
