Зимските олимписки и параолимписки игри во Милано и Кортина денес официјално започнуваат. Границите меѓу спортот и модата одамна се избришани, поради што сè поголем број луксузни брендови се одлучуваат за соработки, како со поединечни спортисти, така и со национални репрезентации.
По тој повод, ви ги претставуваме најинтересните колаборации меѓу земјите и модните куќи, преку најубавите спортски комплети на годинашните Зимски олимписки игри.
Moncler се враќа на Олимписките игри по речиси 60 години пауза, како официјален спонзор на Олимпискиот комитет на Бразил. Луксузниот бренд ќе го опремува скијачкиот тим преку својата линија Moncler Grenoble, а во креирањето на натпреварувачките костими учествуваше и самиот амбасадор на брендот, скијачот Лукас Пињеиро Братен. Колекцијата доаѓа во боја на слонова коска, со суптилен брендинг и нагласено знаме на Бразил.
View this post on Instagram
Како партнер на фондацијата Milano Cortina, EA7 Emporio Armani е официјален технички спонзор на италијанскиот тим. Спортистите ќе носат униформи во млечно-бела нијанса, надополнети со широк спектар аксесоари, од водоотпорна обувка со анти-лизгачки систем, до торби и ранци. Колекцијата се темели на чисти линии и високотехнолошки материјали, додека натписот Italia на грбот гордо го истакнува националниот идентитет.
View this post on Instagram
Униформите на Монголија за церемонијата на отворање веќе станаа вирални на социјалните мрежи, а ги дизајнираше домашниот бренд Goyol Cashmere. Инспирирани од традиционалната облека deel од времето на Монголското царство, овие луксузни парчиња се изработени од монголски кашмир со свилени детали и извезени мотиви на рогови. Покрај силуетите кои верно ги следат историските кроеви, колекцијата вклучува и плетени ансамбли инспирирани од алпскиот и apres-ski стилот, со автентични национални шари.
View this post on Instagram
Тимот на Хаити и дизајнерката Стела Жан испишуваат историја со своето прво учество во нордиско скијање. Малиот тим ќе носи впечатливи дизајни на хаитско-италијанската дизајнерка Стела Новарино. Униформите се инспирирани од делата на уметникот Едуар Дуал-Карие и ја симболизираат независноста на Хаити, внесувајќи карипски колорит на италијанските Алпи.
View this post on Instagram
Американските спортисти оваа година имаат двоен моден адут. Nike ACG ги претставува технолошки најнапредните јакни и базни слоеви во неочекувани портокалови и тиркизни тонови, додека Ralph Lauren е задолжен за церемониите. Нивната колекција носи препознатлива американска класика преку Fair Isle плетиво и удобни комплети за Олимпиското село.
View this post on Instagram
По повод стогодишнината од своето постоење, брендот 66°North ги опремува исландските спортисти во минималистички, целосно бел стил, кој ја симболизира „ледената капа“ на нивната земја. Суптилен детал од знамето, со нежен прелив на бои на патентот, ѝ дава на оваа сведена естетика модерен, патриотски печат.
View this post on Instagram
Во својата трета олимписка соработка, Lululemon се истакнува со снежна опрема украсена со мотиви на топографски мапи и двобојни јаворови листови. Палетата инспирирана од санти мраз, во нијанси на зелена и сина, совршено ја заокружува канадската зимска приказна.
View this post on Instagram
Опремата на Велика Британија, потпишана од adidas, носи геометриски микс на знамето Union Jack со разиграни акценти. Покрај црвената, белата и сината основа, особено се издвојува капата во боја на bubblegum, која на целата колекција ѝ дава модерен и забавен тон.
View this post on Instagram