
Со новата бизнис колекција, најдобриот моден бренд „ELENA LUKA“ создаде питом гламур и интелигентен луксуз, креации што не се врзани за моментален тренд, туку се замислени како безвремени парчиња што ќе живеат долго во гардеробите на жените со стил.
Ние ви издвојуваме еден изглед кој восхитува со убавина и уметност, почистена и софистицирана.
Се работи за кратка бунда од вештачко крзно во богата златна нијанса, дизајнирана да го издигне секој изглед со топлина, текстура и впечатливо присуство. Меката волуменозност и рафинираната силуета создаваат смел, но елегантен надворешен слој за самоуверен и современ стил.
Под неа сет од палто и миди- здолниште од ист луксузен материјал. Може да се носи и поединечно, одговара на повеќе стилови и за разни прилики.