Кејт Мидлтон, на радост и задоволство на целата јавност, се појави на финалето на престижниот тениски турнир Вимблдон во Лондон.
Принцезата од Велс беше дојдена со ќерката Шарлот и со својата сестра Пипа Мидлтон. При влегувањето на Централниот терен, таа беше пречекана со стоечки овации од публиката.
42-годишната принцеза, која претходно оваа година имаше јавно обраќање за нејзиното соочување со рак, беше облечена во прекрасен виолетов миди фустан со кратки ракави од брендот Safiyaa, додека пак, Шарлот беше облечена во фустан на Guess.
Кејт Мидлтон зрачеше од среќа и нежност и изгледаше навистина величенствено во креацијата што ја носеше, но и уживаше како голем фан на тенисот. Таа не ја сокри радоста при проследувањето на мечот помеѓу Новак Џоковиќ и Карлос Алкараз, на кој доминантната победа ја имаше младиот Шпанец, а принцезата му го врачи и победничкиот трофеј.