Викендите во лето се резервирани за лесна гардероба и за опуштени прошетки каде и да одиме.
За овој викенд избравме лесен и тенок памучен фустан. Белата боја е идеална за топлите сончеви денови, а со дизајнот на фустанот со копчињата и ременот што е дел од фустанот и е лесно врзан во панделка ќе изгледате дотерано.
Комплетираме со кафен шешир и кафени сандали на ниска платформа и ви посакуваме прекрасен викенд!