Ен Хатавеј драматична на Модната недела во Њујорк: Што облекоа познатите во првите редови?

Месецот на модата официјално започна, носејќи со себе вистинска експлозија од нови креации, трендови и – секако – појавувања на познати личности.

Пред модната елита да се упати кон Лондон, Милано и Париз, Њујоршката модна недела официјално го означи почетокот на распоредот за сезоната есен/зима 2026, од 11 до 16 февруари. Сепак, за некои дизајнери овие датуми повеќе служат како насока отколку како строго правило, бидејќи нетрпеливо сакаат да ја започнат модната еуфорија порано.

Marc Jacobs ја отвори модната фешта со впечатлива ревија во Park Avenue Armory, со прв ред исполнет со звучни имињ.  Како што неделата ќе напредува, може да очекуваме уште повеќе ѕвездени појавувања, благодарение на новите колекции на водечките имиња на американската модна сцена, меѓу кои Tory Burch, Coach, Carolina Herrera, Michael Kors, LaQuan Smith, Altuzarra и многу други.

Во продолжение, ги издвојува сите највпечатливи изгледи на славните личности кои седеа во првите редови за време на ревиите на NYFW есен/зима 2026. Следете нè и понатаму, бидејќи ќе продолжиме со ажурирања и ексклузивна модна покриеност во текот на целата Недела на модата во Њујорк.

Мери Џеј Блајџ и Марта Стјуарт на презентацијата на L’Agence

Ники Хилтон Ротшилд на ревијата на Marc Jacobs за есен 2026

Џоан Смолс на ревијата на Marc Jacobs за есен 2026

Ана Суи на ревијата на Marc Jacobs за есен 2026

Џулија Фокс на ревијата на Marc Jacobs за есен 2026

Софија Копола на ревијата на Marc Jacobs за есен 2026

Ен Хатавеј на ревијата на Ralph Lauren

Дијана Силверс на ревијата на Ralph Lauren

Емилија Џонс на ревијата на Ralph Lauren

Аријана ДеБос на ревијата на Ralph Lauren

Лили Рајнхарт на ревијата на Ralph Lauren

Делила Бел Хемлин на презентацијата на LoveShackFancy

Ел Фенинг на ревијата на Coach

Сејлор Бринкли Кук на презентацијата на L’Agence

Лана Дел Реј и Џереми Дуфрен на ревијата на Ralph Lauren

Н.Т