
Во модата постојат парчиња кои не се врзуваат за една сезона, туку стануваат трајна естетска формула. Токму такво е новиот костим VIRENTH од македонскиот бренд ELENA LUKA, модел кој ја спојува класичната кројачка дисциплина со современа женска енергија.
На прв поглед, VIRENTH комуницира со јасна конструкција и чиста линија. Станува збор за прецизно кроено сако со изразен вертикален ритам, каде секој елемент, од реверите до силуетата е внимателно моделиран за да создаде структура што делува стабилно, но истовремено елегантно.
Дизајнот потсетува на класичниот машки крој, но преработен во женска форма. Токму оваа трансформација- машката строгост претворена во женска софистицираност е една од најсилните модни идеи во современото кроење.
Класичните ревери ја нагласуваат архитектурата на сакото, додека материјалот паѓа рамномерно и ја задржува острината на кројот без тежина или крутост. Резултатот е силуета што делува моќно, но никогаш наметливо.
Особено впечатлив е вертикалниот дизајн на ткаенината. Суптилните пруги внесуваат длабочина и динамика, но истовремено имаат и важна визуелна функција, тие создаваат ефект на издолжување на телото. Во модната конструкција, ваквите вертикални линии се сметаат за еден од најмоќните визуелни инструменти за создавање елегантна и издолжена силуета.
VIRENTH токму затоа делува како парче со дискретна, но целосна доминација. Сакото не се наметнува со декоративни елементи, туку со пропорција, линија и авторитет. Панталоните ја следат линијата на телото и се во ист материјал како и сакото.
Интересно е што овој модел за многу кратко време стана еден од најбараните во колекцијата на ELENA LUKA. Според информациите од брендот, интересот за костимот е толку голем што моделот речиси и да е распродаден, потврда дека современата жена сè повеќе бара облека со силна конструкција и јасен карактер.
И токму во тоа лежи тајната на VIRENTH! Тоа не е само костим, туку моќ, стил и безвременска елеганција, парче кое како и најдобрите класични кроеви, едноставно никогаш не излегува од мода.
Линк до креацијата
Virenth Pinstripe Tailored Blazer – ELENA LUKA
Н.Т