
За Деми Мур правилата очигледно не важат. Актерката тоа го докажа на вториот ден од Канскиот филмски феситвал, кога се појави во целосно проѕирна тоалета на Гучи, дизајнирана од Демна.
Канскиот филмски фестивал штотуку започна, а Деми Мур веќе предизвика моден земјотрес. Актерката, која оваа година е член на жирито, очигледно реши јасно да го покаже својот став кон контроверзната забрана за „голи“ и премногу раскошни модни комбинации што, според организаторите, им пречат на останатите гости на црвениот тепих.
Да потсетиме, организаторите на Канскиот фестивал во 2025 година го достигнаа својот лимит и само 24 часа пред отворањето на 78-то издание издадоа нов декрет- „голите“ модни комбинации официјално се забранети. Да, токму оние фустани што понекогаш предизвикуваат непријатност кај сите освен кај оние што ги носат, сега се строго табу.
Организаторите јасно порачаа- ако вашето здолниште е попроѕирно од филмска романтична сцена или деколтето подлабоко од „смислата на животот“, нема место за вас на црвениот тепих. Проѕирните креации на Saint Laurent и будоар-фустаните на Armani Privé можеби се дозволени на други премиери, но не и на црвениот тепих на Кроазета.
И долгите шлепови исто така беа забранети. Многу гости, очигледно, биле уморни од сопнување на метри ткаенина, па организаторите решиле удобноста да биде поважна од драматичниот влез.
Но, токму за вториот ден од фестивалот, ѕвездата на филмот The Substance избра фустан со долг шлеп, елемент што беше строго забранет. Зарем ова не е директен и храбар одговор на новите ограничувања?
Сепак, кој би се осмелил да критикува член на жирито поради „гола“ тоалета и драматичен шлеп, особено кога станува збор за Деми Мур, чија модна историја одамна е испреплетена со историјата на Канскиот фестивал?
И покрај мини-модната револуција што актерката очигледно сака да ја изведе во Кан, таа и нејзиниот стилист Бред Горески не се откажуваат ниту од традиционалниот гламур на стариот Холивуд. Нејзиниот изглед од отворањето на фестивалот сè уште е свеж во сеќавањата — блескаше во златна тоалета на Jacquemus, комбинирана со впечатлив накит од Chopard.

Н.Т