
Преку постојана потрага по нови идеи, современи силуети и софистицирани текстури, брендот ELENA LUKA ја гради својата препознатлива модна ДНК, каде женственоста, луксузот и модерната елеганција се во постојан дијалог.
Во рамките на новата колекција LA DOLCE ESTATE SS26, брендот ја претставува Aurelia, префинета романтична блуза што ја носи леснотијата на медитеранските летни вечери и духот на безвременската елеганција. Дизајнирана во мека слонова коска, Aurelia плени со својата воздушеста силуета, суптилна транспарентност и деликатна игра на набори што создаваат чувство на движење и луксузна мекост.
Моделот е внимателно изграден низ детали што потсетуваат на кутур естетика, романтични набори околу вратот, нежни врзувачки елементи и декоративни завршетоци кои внесуваат динамика и софистицираност во целокупниот изглед. Лесната, флуидна текстура на ткаенината дополнително ја нагласува идејата за дозволив луксуз, елеганција што изгледа природно и ненаметливо.
Aurelia не е само класична летна блуза, туку модно парче што лесно се трансформира од дневен во вечерен изглед. Таа претставува современа интерпретација на романтичната женственост, со јасен акцент на леснотијата, комфорот и префинетиот луксуз. Токму ваквиот пристап е карактеристичен за ELENA LUKA, креирање облека што не се сведува само на тренд, туку создава комплетен визуелен и емоционален идентитет.
Како дел од колекцијата La Dolce Estate SS26, Aurelia ја отсликува филозофијата на брендот или вечна елеганција, природна софистицираност и модерен романтизам инспириран од медитеранската естетика.
А ова не е единственото модно парче од приказната, целиот сет и комплетната колекција можете да ги погледнете на официјалниот сајт на ELENA LUKA
Н.Т