Како Џеј Ло ги штити своите деца од суровата реалност на Холивуд

Да се расте покрај една од најпознатите жени во светот звучи како живот од соништата, но зад гламурот, црвените теписи и папараците стои сосема поинаква реалност.Џенифе Лопез повеќепати има зборувано дека најважна улога во нејзиниот живот не е онаа на суперѕвезда, туку на мајка.

Нејзините близнаци, Еме и Maкс, растат под постојано внимание од јавноста уште од денот кога се родија. Но, и покрај огромната медиумска изложеност, Џеј Ло со години се обидува да им овозможи што е можно понормално детство. Наместо постојано да ги експонира на социјалните мрежи, таа внимателно одбира кога и колку ќе ги вклучи во јавниот живот.

Таа често истакнува дека сака нејзините деца да изградат сопствен идентитет, а не да живеат само како „децата на Џенифер Лопез“. Токму затоа, близнаците ретко се дел од јавни настани, освен во посебни моменти што имаат лично значење за семејството.

Особено внимание привлекува Еме, која со својот автентичен стил често станува тема на дискусија. Наместо да ја контролира или да ја вклопува во класичните celebrity стандарди, Џеј Ло јавно покажува поддршка за индивидуалноста на своето дете.

Притисокот од јавниот живот денес најмногу доаѓа од социјалните мрежи, коментарите и постојаното споредување. Затоа Лопез се труди да создаде безбедна и стабилна средина во која нејзините деца ќе се чувствуваат сакано и заштитено, без разлика на славата што ги опкружува.

Иако јавноста постојано сака да знае повеќе за нивниот живот, Џеј Ло очигледно поставува јасна граница помеѓу кариерата и семејството. А токму во време кога многу деца на познати личности растат под огромен притисок, нејзиниот пристап сè повеќе добива пофалби и од фановите и од медиумите.