Како едно старо парче мебел може да се претвори во уникатен елемент

Старите елементи во домот не мора да завршат на отпад. Со малку труд и креативност, може да станат вистински украс во домот и да изгледаат како нови.

Доколку имате стара комода која повеќе не се вклопува во вашиот ентериер, не брзајте да ја замените. Наместо тоа, обидете се да ѝ дадете нов изглед. Реновирањето на стар мебел е сè попопуларно бидејќи овозможува заштеда на пари, а истовремено создава уникатни парчиња што носат личен печат.

Наидовме на еден одличен пример како едно старо парче мебел добива прекрасен впечатлив изглед.

Првиот чекор е темелно чистење на површината и отстранување на сите нечистотии. Потоа следува шмирглање, кое е важно за да се отстрани стариот слој боја или лак и да се подготви површината за понатамошна обработка.

Следниот чекор е нанесување прајмер, кој овозможува бојата подобро да се врзе за површината и да трае подолго. Откако прајмерот ќе се исуши, може да се нанесе избраната боја. За рамномерен и професионален изглед, препорачливо е да се нанесат два слоја.

Дополнителен ефект може да се постигне со замена на старите рачки. Новите детали, без разлика дали се метални, дрвени или во винтиџ стил, можат целосно да го променат изгледот на мебелот.

На крајот, кога сè ќе биде завршено, старата комода ќе добие сосема нов живот и ќе стане впечатлив детал во просторот. Освен што ќе добиете функционално парче мебел, ќе имате и чувство на задоволство бидејќи самите сте создале нешто ново од нешто старо.

Еве како сето тоа изгледа пред и потоа, со малку креативност и посветеност.