За жена која живее со стил и патува со елеганција: ELENA LUKA со ексклузивен попуст на хит парчиња

Веќе е познато дека постојат модни брендови што создаваат облека, ама постојат и оние што создаваат чувство. Токму тоа е една од главните компоненти на ELENA LUKA, бренд кој со беспрекорна прецизност, препознатлива естетика и визија што не ги следи трендовите, туку ги создава, веќе години гради свет во кој секоја жена може да го почувствува вистинскиот дух на современата елеганција.

Секоја колекција е внимателно осмислена приказна, а секој крој е резултат на посветеност кон деталот, квалитетот и женственоста. Токму затоа LA DOLCE ESTATE SS26 не е само летна колекција, таа е покана да го живеете летото со стил, леснотија и самодоверба.

А најубавата вест е што токму сега, со ексклузивни попусти, оваа колекција станува уште подостапна за сите жени кои сакаат нивната облека да зборува за префинет вкус и безвременска елеганција.

За жената која живее со стил и патува со елеганција

Без разлика дали заминувате на медитерански одмор, викенд покрај море, летна градинарска забава, романтична вечера на зајдисонце или сакате беспрекорен изглед за урбаните летни денови, LA DOLCE ESTATE SS26 нуди парчиња што природно се вклопуваат во секој момент.

Колекцијата е инспирирана од медитеранскиот начин на живот, лесен, префинет и исполнет со убавина во секој детаљ. Флуидните силуети, природните материјали и нежната палета на бои создаваат чувство на слобода и дискретен луксуз.

Serafina Poncho – романтика што се движи со вас

Воздушен, етеричен и неверојатно женствен, Serafina Poncho е вистинско модно ремек-дело. Слоевитите карнери, асиметричната силуета и меката ткаенина создаваат впечаток на леснотија, додека елегантното движење на материјалот ја следи секоја ваша чекор.

Комбиниран со широки панталони или елегантно здолниште, Serafina е совршен избор за летни свечености, ресорт изглед или вечерна елеганција покрај море.

Линк до креацијата Serafina Poncho – ELENA LUKA

Lucensia Set – минимализам со италијански шарм

Во нежната путер-жолта нијанса што доминира оваа сезона, Lucensia Set ја спојува современата кројачка прецизност со лежерниот луксуз.

Опуштениот сако-крој и широките панталони создаваат издолжена силуета и впечаток на софистицирана ненаметливост – идеален избор за патувања, летни прошетки низ медитерански градови, ручеци покрај море или елегантни дневни настани.

Линк до креацијата Lucensia Set – ELENA LUKA

Marella Set – безвременски лен за секое лето

Ако постои парче што секогаш ќе биде симбол на летната елеганција, тогаш тоа е Marella Set.

Изработен од висококвалитетен лен, со префинето сако со врзување на половината и широки панталони, овој комплет претставува инвестиција во стил кој никогаш не излегува од мода.

Лесниот природен материјал овозможува удобност дури и во најтоплите денови, додека минималистичкиот дизајн нуди бескрајни можности за комбинирање.

Линк до креацијата Marella Set – ELENA LUKA

Лето во знакот на префинетоста

LA DOLCE ESTATE SS26 е создадена за жената која знае дека вистинската елеганција никогаш не е гласна. Таа е во квалитетниот материјал, совршениот крој, прецизниот детаљ и чувството што го носите кога знаете дека изгледате беспрекорно.

Со актуелните ексклузивни попусти, ова е вистинскиот момент да внесете дел од медитеранската магија на ELENA LUKA во вашата летна гардероба и да го доживеете летото токму онака како што го замислува брендот – со стил, леснотија и безвременска елеганција.

Н.Т