Critics Choice Awards 2025: Вечер на гламур, стил и врвна мода

Јубилејното 30-то издание на Critics Choice Awards, кое се одржа вчера ја претвори Санта Моника во центар на холивудскиот гламур. Оваа престижна церемонија, која ја водеше духовитата Челси Хендлер, ги собра најголемите филмски и телевизиски ѕвезди за да ги одбележи најдобрите остварувања на годината.

По неодамнешното одложување поради пожарите во Лос Анџелес, долгоочекуваната вечер конечно се одржи и на црвениот тепих можеа да се забележат извонредни модни избори.

Како и секоја година, ѕвездите се потрудија да остават впечаток со својот стил. Анџелина Џоли, Никол Кидман, Деми Мур беа меѓу оние кои пристигнаа во извонредни стајлинзи, и ги освоија модните критичари и љубителите на модата ширум светот.

Вечерта на која главните награди за најдобар актер и актерка ги добија Деми Мур и Адриен Броди, беше исполнета со моменти на елеганција и индивидуалност – од смели модни изданија до безвременски класичен изглед.

Минатогодишните стајлинзи на Марго Роби и Дуа Липа поставија висок стандард, но 2025 донесе уште повеќе возбудливи моменти, со раскошни силуети, драматични детали и беспрекорно стилизирани комбинации.

Погледнете дел од најгламурозните моменти од Critics Choice Awards 2025 и уживајте во модната магија.

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian