Eнтериери: Топлина со совршен спој на класични и модерни елементи

Уредувањето на домот знае да биде вистинско уживање, а кога креативноста ќе дојде до израз добиваме совршено катче каде сакаме да поминеме што поголем дел од денот.

Еден таков топол дом пронајдовме на Инстаграм профилот зад којшто стои Јохана Вајман, фотограф и дизајнер на ентериери. Таа живее во Хамбург, Германија, а за нејзиниот стан можеме слободно да кажеме дека е повеќе од инспиративен.

И покрај тоа што владеат неутралните нијанси, тука во ниеден момент не е еднолично и предвидливо. Домот на Вајман е совршен спој на безвременска класика и модерни тенденции.

Просторот изобилува со светлина, а несекаде се насетува динамика, од фотелјите и теписите, па се до растенијата и уметничките дела.

Тепихот од јута зрачи со топлина и природни вибрации, додека во спалната соба се истакнува големата лампа над креветот и меките материјали.

Како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian