Ана Винтур со ќерката Би Шафер - редок моден момент во јавност

Ана Винтур, неприкосновената уредничка на Вог и една од највлијателните жени во светската модна индустрија, ретко дозволува јавноста да ѕирне во нејзиниот приватен живот. Токму затоа секоја нејзина појава предизвикува голем интерес, особено кога е...

Ана Винтур, неприкосновената уредничка на Вог и една од највлијателните жени во светската модна индустрија, ретко дозволува јавноста да ѕирне во нејзиниот приватен живот.

Токму затоа секоја нејзина појава предизвикува голем интерес, особено кога е во друштво на членовите од нејзиното семејство.

На премиерата на "The Fear Of 13" на Бродвеј Ана дојде заедно со нејзината ќерка, Би Шафер. Иако не е личност која често се експонира во јавноста, Би сепак привлекува внимание со својот префинет и ненаметлив стил, кој се разликува од строгата естетика по која е позната нејзината мајка.

Младата дама изгледаше одлично во разигран, цветен фустан со чиста линија и женствен крој, во посветли тонови, комбиниран со суптилни додатоци и златни сандали.

За разлика од неа Винтур носеше елегантен макси капут-фустан со јасна силуета и апстрактни шари во три бои, заедно со светкави сандали што совршено одговараа на аутфитот.

Шафер има своја кариера надвор од модните магазини и се движи во театарската и продукциската сцена, каде гради сопствен професионален идентитет, независен од огромното влијание на мајка ѝ.

Би од 2018-та е во брак со италијанскиот режисер и фотограф Франческо Карочини, син на легендарната уредничка на Vogue Italia, Франка Сочани, со што се споија две од најпознатите модни династии.