Мајли Сајрус - невестински минимализам во рокерски дух

Невеста во свила...

Мајли Сајрус викендов го кажа судбоносното ДА во интимна церемонија со блиските.


За големиот ден, пејачката избра креација од Сан Лоран - прекрасен модел со долги ракави, висока јака и елегантна, издолжена силуета. Акцентот несомнено беше ставен на кројот, нежниот пад на свилата и линијата што го следи телото.


Највпечатливиот елемент беше длабоко отворениот грб, кој внесе доза на драматичност, а наместо традиционален превез, Мајли се потпре на фризурата и накитот, оставајќи го фустанот да биде во главна модна улога.


Иако креацијата имаше елементи на класична свадбена елеганција, во него се препозна и стилот на ѕвездата - самоуверен, малку бунтовен и без потреба да се вклопува во очекувањата. 


Сајрус и музичарот Макс Морандо, кој е тапанар на американска рок-група, се запознаа во 2021 година, преку заеднички познаници.


Двојката ја чуваше својата врска подалеку од медиумското внимание, иако повремено се појавуваше заедно на јавни настани. Нивната поврзаност не беше само приватна, тие соработуваа и професионално.