
Во време кога модната сцена е преоптоварена со глобални ѕвезди, најголеми инфлуенсери и A-листа имиња како официјални лица на луксузните куќи, Jacquemus направи потег што го изненади светот на модата, својот прв официјален бренд амбасадор не го избра меѓу славните, туку во своето семејство.
На 24 јануари 2026 година, престижната француска модна куќа Jacquemus официјално го претстави својот прв „Бренд Амбасадор“- Лилин Жакемус, бабата на креативниот директор и основач, Simon Porte Jacquemus. Таа е родена во 1946 година во мало село на југот на Франција, каде растела во едноставни, сончеви околности, опкружена со вредности што подоцна ќе станат клучни за естетиката и духот на брендот.
View this post on Instagram
Овој чекор е револуционерен, не само за Jacquemus, туку и за целиот луксузен сектор, кој вообичаено инвестира огромни ресурси во стручно селектирани знаменитости, супер модели или инфлуенсери со милиони следбеници. Наместо тоа, Jacquemus избра личност што е емотивно и креативно централна за брендот и за самата визија на неговиот креатор.
„Пред сè беше таа пред Jacquemus и пред сè што брендот стана,” стои во официјалното соопштение на брендот. За Симон, Лилин не е само лице на кампањата, туку жив доказ за корените на креативноста, инспирацијата и женската сила, кои ја дефинираат визијата на Jacquemus како модна куќа.
Од Инстаграм вкус до глобален моден момент
Новината беше соопштена преку социјалните мрежи, Симон го најави откритието со едноставна, но топла порака што собра голем број реакции. Пред откривањето, се шпекулираше дали брендот ќе избере некоја од веќе познатите лица што во минатото работеле со Jacquemus, од огромни имиња до супер модели и светски инфлуенсери, ама изборот падна на најнеочекувано место, неговата баба.
Лилин всушност не е целосно „ново“ лице за Jacquemus фанатиците, таа се појави во кампањи уште во 2020 година, кога Симон ја фотографираше за една од своите #JacquemusAtHome серии, правејќи јасно дека нејзиното присуство во креативниот универзум на брендот е искрено и подлабоко од обична кампања.
Што значи овој потег во модниот свет?
Во време кога многу луксузни куќи имаат десетици бренд амбасадори, на пример гиганти како Диор и Шанел имаат по неколку десетици имиња на своите врвни листи, Jacquemus со овој избор прави исклучително личен и емоционален исчекор. Тоа е отворена покана за модната индустрија да размисли за улогата на наследството, корените и вистинската автентичност во градењето на модерна маркичка.
Британскиот Вог ја опиша Лилин како „неочекувано, но прекрасно лице на брендот“, пример за тоа како конструкциите на модната порака можат да се поткрепат со емоционално богат, а сепак културно релевантен контекст.
И ова не е само сентиментален чин! Изборот на бабата како амбасадор е контраст во време кога големи брендови издвојуваат огромни суми за глобални ѕвезди, што прави Jacquemus да изгледа како бренд што се осврнува кон вистинските вредности наместо кон само маркетинг бројки.
Лилин — инспирација
Бабата се појавува во серии на фотографии и видеа каде е облечена во модерни парчиња од колекциите на Jacquemus, од класични остро скроени костими до живописни платна и луксузни аксесоари, вклучувајќи и специјални модели како Le Valérie, чанта именувана токму по неговата покојна мајка, ќерката на Лилин.
Што велат критичарите
Модните критичари ја пофалија одлуката како симбол на автентичност и човечка поврзаност, што ја издвојува кампањата од вообичаените ѕвезди. Тренд аналитичарите истакнуваат дека ова е сигнал дека повеќе брендови би можеле да почнат да истражуваат искрени, човечки моменти како дел од нивните маркетинг стратегии, наместо само да се потпираат на масовни ѕвезди.
Во време кога модата честопати се гледа како дистрибутер на трендови, Jacquemus испраќа порака дека наследството, семејството и личната историја можат да бидат една од најсилните бренд наративи.
Н.Т
Што велат критичарите