Без облека, без страв: најсмелиот моден момент на Ирина Шајк досега

Ирина Шајк повторно ја докажува својата креативна храброст и подготвеност да оди чекор понатаму од очекуваното. Во новото, провокативно и визуелно силно уредување за V Magazine, супермоделот се појавува во серија фотографии потпишани од легендарниот фотограф Стивен Клајн, во естетика каде доминира кожа, моќ и целосна слобода на израз.

Облечена во многу кожа и речиси ништо друго, Шајк ја краси насловната страница на списанието, во едиторијал што е подеднакво суров, артистички и концептуален. За целосниот визуелен наратив заслужна е и стилистката Пати Вилсон, позната по своите авангардни и бескомпромисни модни визии.

Во најсмелата фотографија од серијата, Ирина позира целосно гола, завиткана само во кожен плашт и црни кожни чизми. Аксесоарите, црн чокер и манжетни на рацете исто така се изработени од кожа, дополнувајќи ја силната, доминантна силуета. Во друга фотографија, моделот ја открива грбната страна од телото, носејќи кожна престилка и чизми над колена, додека позира топлес покрај коњ, сцена што дополнително ја нагласува примарната, „дива“ енергија на целиот проект.

„За мене, таа претставува еден вид дива женственост,“ изјави Шајк за V Magazine, зборувајќи за ликот што заедно со Клајн го создадоа. „Таа е смела. Таа е машка на свој начин. Таа живее во кожа. Таа е во својата „да“ фаза, бестрашна, без извинување, целосно своја.“

Во интервјуто, Ирина открива дека работењето на овој едиторијал било како влегување во сосема друг свет. „Веќе нема линии, нема кутии. Не постои повеќе ‘само модел’. Ако нешто ме радува, ако чувствувам љубов кон тоа и ако имам креативен партнер што ме инспирира – сакам да го истражам,“ вели таа. „Создавањето на оваа жена со Стивен отвори толку многу визуелни прозорци.“

Инаку ,со децении на врвот на модната индустрија, Ирина Шајк е меѓу најплатените модели во светот. Нејзиното богатство се проценува на десетици милиони долари, благодарение на модни кампањи, договори со луксузни брендови и внимателно изградена кариера без скандали.

Силна жена

Со новиот едиторијал за V Magazine, Ирина Шајк уште еднаш покажува дека не е само модел, туку креативна сила – жена која не се плаши да биде ранлива, моќна, провокативна и слободна во исто време. Во време кога модата повторно ги преиспитува границите на женственоста, Ирина стои токму таму каде што сака да биде, надвор од кутијата.

Н.Т