Дали знаете што е ова? Архитектура што со векови крие код што денес никој не знае да го прочита

Пазото Сан Лоренцо во Сантијаго е средновековен манастир кој со текот на времето бил преобразен во резиденцијален дворец. Неговите корени датираат од 13 век, кога Мартин Аријас, епископот на Самора, основал капела посветена на Свети Лаврентиј. Подоцна, објектот станал скромен ермитаж за монаси, опкружен со густа дабова шума.

Надворешните градини се позначајни по својата раскош и разновидност на растителни видови, отколку по строг распоред или формална композиција.

Но, највпечатливиот градинарски простор се наоѓа во рамките на необичниот „плоштад“. Овој простор, со речиси квадратна основа (16 × 18 метри), е обрабен со покриена патека и аркади, отворени на приземјето и застаклени на горниот кат, кои го обиколуваат внатрешниот градинарски двор.

Во срцето се наоѓа градина од шимшир, вешто потстрижен во декоративни форми што со текот на годините се претвориле во необични хиероглифи, чие значење денес тешко може да се протолкува.

Објектот денес нуди и угостителски услуги за организирање на специјални настани.

Н.Т