Од филмско платно до модна историја: 10 легендарни стајлинзи

Од елегантни фустани и беспрекорно скроени костими до смели комбинации што го промениле начинот на кој гледаме на модата, филмскиот екран низ годините создаде стајлинзи кои станаа дел од модната историја.

Ова се 10 филмски изгледи кои и денес се препознатливи на прв поглед – и продолжуваат да инспирираат генерации.

1. Одри Хепберн – Breakfast at Tiffany’s (1961)

Hubert de Givenchy: a look back at the career of the maker of style icons - Daily Times

Легендарниот црн фустан, долгите црни ракавици, бисерите и големите очила за сонце се меѓу најпознатите филмски стајлинзи во историјата. Костимот на Холи Голaјтли ја претвори оваа креација во симбол на елеганција и остави траен печат на врвно модно решение.

2. Шер – Clueless (1995)

Clueless, Fashion Fantasy, and Aggressive Plaid - McNay Art Museum

Жолтиот кариран костим на Шер од филмот Clueless е еден од најпрепознатливите филмски стајлинзи од деведесеттите. Краткиот блејзер, усогласеното здолниште, белата кошула и високите чорапи ја претставуваат preppy естетиката која повторно стана популарна во модата. 

3. Џејн Фонда – Barbarella (1968)

Behind the Scenes Photos of Jane Fonda on the Set of ‘Barbarella’, 1968 – BeliefMedia Digital Marketing

Футуристичките костими во Џејн Фонда во филмот Barbarella се едни од највпечатливите во историјата на филмот. Фонда во кратките, смели и визуелно впечатливи комбинации изгледаше како да доаѓа од иднината. 

4. Грејс Кели – Rear Window (1954)

Grace Kelly, la rubia de Hitchcock que cambió la moda

Елегантните коктел-фустани, совршено скроените костими, ракавиците и шеширите ја претставуваат женственоста на педесеттите години. Нејзиниот изглед е внимателно усогласен со ликот на Лиза Фремонт, богата, префинета и самоуверена жена со беспрекорен вкус.

5. Мерилин Монро – The Seven Year Itch (1955)

I Lived as Marilyn Monroe for a Week

Белиот фустан на Мерилин Монро од сцената со подземната железница е еден од најпрепознатливите костими во филмската историја. 

Едноставната силуета и плисирано здолниште го направија целиот стајлинг незаборавен. Сцената стана дел од популарната култура, а костимот со текот на времето доби статус на вистински холивудски симбол.

6. Одри Хепберн – My Fair Lady (1964)

Kawasaki Disease Foundation

Особено впечатливи тука се големите шешири, фустаните со нагласена половина, ракавиците и раскошните комбинации инспирирани од едвардијанската мода. Изгледот на Одри Хепберн во сцената на коњските трки останува еден од најпознатите примери на филмски гламур.

7. Дајан Китон – Annie Hall (1977)

Image gallery for Annie Hall  - FilmAffinity

Дајан Китон во Annie Hall ја популаризираше комбинацијата од широки панталони, елеци, кошули, вратоврски, машки сакоа и шешири. Овој изглед покажа дека женската мода може да биде лежерна, андрогина и инспирирана од машката гардероба, без да ја изгуби елеганцијата.

8. Оливија Њутн-Џон – Grease (1978)

Why Olivia Newton-John's final Grease outfit was so iconic

Црните тесни панталони, црниот топ и кожената јакна од финалната сцена на Grease се еден од најпознатите филмски стајлинзи од седумдесеттите.

Облеката ја нагласува промената на Сенди и нејзината нова самодоверба, а комбинацијата остана популарна долго по премиерата на филмот.

9. Џулија Робертс – Pretty Woman (1990)

Вы не робот?

Црвениот вечерен фустан што Џулија Робертс го носи како Вивијан Ворд е еден од најпознатите романтични филмски стајлинзи. Фустанот со голи раменици, долгите ракавици и елегантната силуета ја нагласува трансформацијата на ликот. 

10. Кирстен Данст – Marie Antoinette (2006)

The Way We Dress: Marie Antoinette

Пастелните фустани, корсетите, машничките, високите фризури и раскошните детали го создаваат визуелниот свет на Марија Антоанета.

Со овие креации историската мода се претвора во модерна, разиграна и визуелно привлечна естетика. Филмот е познат по својата комбинација од рококо-раскош и современо чувство за мода.