Кои бои најлесно се комбинираат со црни панталони?

Црните панталони се едно од оние парчиња облека што речиси секоја жена ги има во гардероберот.

Можат да изгледаат деловно, елегантно или сосема опуштено, во зависност од тоа со што ќе ги комбинираме. Ако понекогаш немате идеја што да облечете со нив, има бои со кои секогаш ќе добиете добро усогласен стајлинг.

Еве кои се тие.

Бела - класика со која нема грешка

Белата боја создава чист контраст со црната и е одличен избор кога сакате уреден и елегантен изглед без многу размислување. Бела кошула и црни панталони се добитна комбинација за работа, состанок или ручек, додека бела маица со патики е совршена за секојдневни обврски.

◁ 10 outfits elegantes con pantalón negro para el día a día | Blog de moda

Беж - за софистициран и ненаметлив изглед

Бежовата боја е одлична кога сакате комбинацијата да изгледа помеко од класичната црно-бела варијанта. Бежов џемпер, кошула или блејзер внесува топлина, а црните панталони го задржуваат изгледот елегантен и уреден. Во постудените денови, особено добро изгледаат црни панталони со бежово плетиво и камел капут. 


Бордо - боја што внесува карактер

Ако сакате да внесете боја во комбинацијата, а притоа да го задржите елегантниот впечаток, бордо е одличен избор. Оваа длабока црвена нијанса особено убаво се вклопува во есенските и зимските стајлинзи. Бордо џемпер со црни панталони е едноставна комбинација за секој ден, додека бордо блуза или блејзер може да изгледаат пософистицирано за вечерно излегување. 

Schwarze weite Hose: 9 elegante Outfits mit dem Trendschnitt | femela.de

Мал трик за подобар стајлинг

Покрај бојата, важен е и кројот. Со широки црни панталони убаво се комбинираат кошули и блузи што ја следат линијата на телото, додека со потесни модели можете да носите поширок џемпер или блејзер. Не заборавајте дека и обувките го менуваат впечатокот, патики за опуштен изглед, мокасини за секојдневна елеганција и чизми или потпетици за понагласен стил.