Дом со душа: Како изгледа медитеранската оаза на Ева Лонгорија

Познатата холивудска актерка Ева Лонгорија го најде спокојството на семејниот живот во Марбеја, Шпанија, во нејзината куќа во близина на Порто Банус. Ѕвездата од Очајни домакиннки, таму живее со својот сопруг Хозе Пепе Бастон и нивниот син Сантијаго.

Овој имот, купен во 2023 година и темелно реновиран според личните желби на Ева, стана идеален дом што ја спојува удобноста со современата естетика.

Куќата е опкружена со голем двор и приватен базен каде што семејството ужива во топлите денови.

Просторот е дизајниран така што природната светлина и медитеранската атмосфера се главни актери во сликата на домот, што го прави истиот совршено место за одмор и дружење на отворено.

Ентериерот на вилата ја одразува страста на Ева кон простори што нудат светлина, простор и хармонија. Тоновите на бела, крем и светло дрво создаваат чувство на мир и непречено соединување со надворешноста.

Дневната соба има големи стаклени врати што се отвораат кон терасата со што се обезбедува големо количество приодна светлина.

Таа е со отворен план што создава чувство на бесконечен простор, а опремена е со едноставен и елегантен мебел.

Кујната е пространа и модерна со голема централна островна маса и финиш од дрво и неутрални тонови што ја прави идеална за готвење и дружење.

Домот има повеќе спални соби и луксузни бањи, секоја со внимателно дизајнирани детали.

Куќата вклучува и домашна кино-сала, големи соби за рекреација и посебни зони за релаксација што создаваат чувство на приватен семеен рај.

За Ева, оваа вила не е само имот, тоа е семеен дом и лично засолниште. Актерката долго време беше во потрага по идеалното место каде што нејзиниот син може да игра, а семејството да гради спомени.