Во пресрет на изненадувањата...
Додека ја чекаме годинешната маска на кралицата на костимите, Хајди Клум, ги издвојуваме нејзините највпечатливи трансформации за Halloween досега.
Хајди баба (2013)
Пред 13 години Хајди се трансформираше во постара верзија на самата себе, со реалистични брчки, старечки дамки, бели влакна и бастун. Деталната шминка беше толку убедлива што манекенката речиси не можеше да се препознае.
Џесика Ребит (2015)
Инспирирана од анимираниот филм Who Framed Roger Rabbit?, во 2015-та Хајди се појави како заводливата Џесика Рабит. Црвениот фустан со светки, долгите ракавици и специјалните протези го создадоа препознатливиот изглед на ликот.
Врколакот од „Thriller“ (2017)
Овој костим беше инспириран од легендарниот спот „Thriller“ на Мајкл Џексон. Хајди го пресоздаде изгледот на врколакот со крзно, остри заби и застрашувачка шминка, оддавајќи почит на еден од најпознатите музички спотови во историјата.
Принцезата Фиона (2018)
Хајди пред 8 години како костим ја избра принцезата Фиона од анимираниот филм Шрек. Зелената кожа, карактеристичните уши и фустанот ја направија речиси непрепознатлива.
Вонземјанин (2019)
Еден од нејзините најморничави изгледи беше вонземјанинот со видливи мускули, органи и метални детали. За трансформацијата беа потребни часови работа со специјални ефекти.
Зомби-мајка (2021)
Во 2021 година, наместо традиционална забава, Хајди сними хорор-филм во кој се појавува како морничава зомби-мајка. Со лажни рани, крвави детали и специјална шминка, таа ја продолжи својата Halloween традиција и покрај отсуството на класичната прослава.
Земјен црв (2022)
Оваа маска докажа дека Хајди не мора да биде ниту гламурозна ниту убава за да привлече внимание. Таа се појави како огромен земјен црв, додека Том беше маскиран како рибар. Необичниот костим стана една од најкоментираните трансформации на годината.
Паун (2023)
Раскошниот син костим на паун беше вистински сценски спектакл. Огромната опашка беше создадена со помош на девет изведувачи од Cirque du Soleil, кои беа дел од живата композиција на пердувите.
Е.Т. (2024)
Хајди и Том, пред две години, се трансформираа во познатиот вонземјанин од филмот E.T. the Extra-Terrestrial. За изработката на нивните костими биле ангажирани околу 30 специјалисти за специјални ефекти, а подготовките траеле долго за да се постигне што пореалистичен изглед.
Медуза (2025)
Најновиот костим во оваа листа ја претставува Медуза, суштеството од грчката митологија со змии наместо коса и поглед што ги претвора луѓето во камен. Со лушпеста кожа, змии и впечатливи специјални ефекти, Хајди повторно покажа колку далеку може да оди нејзината фантазија.
← Претходен