Две сестри живеат со векови: Што ги поврзува и одржува?

Модата и архитектурата отсекогаш биле две сестрински дисциплини – различни по материјали, но идентични по стремежот: да создадат форма што го дефинира начинот на кој човекот живее, се движи и постои. Од една страна, архитектите градат простори што го моделираат светот околу нас; од друга страна, модните дизајнери создаваат „подвижни архитектури“ околу човековото тело.

Последната деценија често се истакнува овој тренд на спојување. Како што архитектурата станува повеќе експресивна, а модата повеќе концептуална, границите меѓу нив сè повеќе се бришат. Една од најмоќните и најчесто цитирани мисли што го објаснува овој однос потекнува од славната архитектка Заха Хадид, која вели: „Архитектурата и модата ја споделуваат истата идеја: создавање на силуети што ја менуваат перцепцијата.“

Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација
Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација

Кога архитектите ја облекуваат модата

Примерите за симбиоза се бројни. Неколку глобално познати архитекти влегоа во модната индустрија со изненадувачка леснотија: Заха Хадид дизајнираше обувки за United Nude, кои потсетуваат на скулптури со флуидни линии – типични за нејзината архитектонска естетика. Френк Гери, мајсторот зад Балетската куќа во Лос Анџелес и музејот „Гугенхајм“ во Билбао, создаде накит за брендот Tiffany & Co.. Неговите парчиња личат на минијатурни архитектонски манифести во сребро. Рем Кулхас, низ својот студиски проект OMA/AMO, работеше со Prada на редизајн на продавници, модни ревии и визуелни концепти што го револуционизираа начинот на кој денес се перципира луксузната трговија. Често можат да се сретнат анализи за тоа како овие креативци го „преведуваат“ архитектонскиот јазик во мода – од строги линии до експериментални волумени.

Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација
Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација

Модните дизајнери како „архитекти на телото“

Но и обратната насока е подеднакво возбудлива. Модните дизајнери одамна знаат дека облеката не е само текстил, туку структура. Големи имиња во модата го потврдуваат ова: Пако Рабан во 1960-тите создаваше „архитектонски“ фустани од метални плочки, кои делуваа како футуристички оклопи. Ирис ван Херпeн денес ја носи оваа идеја уште подалеку, користејќи 3D-печатење за да создаде облеки што потсетуваат на органски архитектонски структури.

Хусеин Чалајан во своите колекции често претставува облеки што се трансформираат – од фустан во мебел, од облека во архитектонска форма – поставувајќи прашања за границата меѓу домот и телото. Оваа интересна генерација дизајнери, ја третира модата како „минијатурна архитектура“, каде што секое парче е простор сам по себе, со свој ритам, волумен и динамика. Катедрали од ткаенина и фасади од текстура.

Современите модни ревии сè почесто се поставуваат во архитектонски значајни простори. Пример за тоа се спектаклите на Louis Vuitton во музеите на Фондацијата Витон, каде архитектурата на Гери и модата соработуваат за создавање визуелен театар. Паралелно, архитектите ја „позајмуваат“ модната динамика за да создадат фасади со текстилни квалитети – флексибилни, движејќи се или менувајќи ја формата во зависност од светлината. Во бројни анализи на Architectural Digest се истакнува токму ова – современите згради често изгледаат како футуристички капути, а модните колекции како минималистички градби.

Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација
Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација

Зошто овој спој е толку силен денес?

Постојат неколку главни причини: Технологијата го елиминира јазот – 3D-печатење, нови материјали и дигитален дизајн им дозволуваат на модата и архитектурата да користат исти алатки. Културата на визуелност – во ера на Instagram и TikTok, формата е моќ. И модните ревии и архитектонските објекти се спектакли што мора да „стојат добро“ во кадар. Желбата за уникатност – луксузот денес значи персонализиран простор и персонализиран стил; двете индустрии се натпреваруваат да понудат нешто невидено.

Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација
Фото: Инстаграм/ Фешнел илустрација

Иднината е мултидисциплинарна, а иднината на дизајнот не лежи во јасно поделени дисциплини, туку во нивното преплетување. Модата ќе продолжи да ги позајмува материјалите, формите и конструктивните принципи од архитектурата, а архитектурата ќе учи од модата за динамика, естетика и личен идентитет. Како што вели и легендарниот дизајнер Ив Сен Лоран: „Модата минува, стилот е вечен.“

Но денес можеме да додадеме дека истиот принцип важи и за архитектурата. И двете уметности – кога се спојуваат – создаваат нешто што преминува над тренд, станувајќи дел од културната меморија на човештвото.

Спојот на мода и архитектура во Македонија: единствена приказната на ELENA LUKA и ELENA LUKA HOME

Истиот концепт како по светските теркови постои и во нашата стварност, овде, дома. Компаниите ELENA LUKA и ELENA LUKA HOME во Македонија се пример како може модата и архитектурата да се соединат — создавајќи уникатност, естетика и стил. Едниот бренд за мода, создаден од 2008 година, со визија да понуди авангардни, елегантни и високо-квалитетни модни креации. Другиот, е градежна/дизајнерска компанија, основана од иста креативна визија — под водство на една од најдобрите бизнис дами- Елена Пандева, која стои позади ELENA LUKA групацијата.

Преку неа, модната естетика на ELENA LUKA се префрла и во ентериер, архитектура и животен стил.  Како што велат од нивниот тим: ELENA LUKA е „меѓународно реномиран моден бренд“, додека ELENA LUKA HOME ја носи „истата естетика што ја поврзува модата и архитектурата“.

Со други зборови: воздигнувањето на чувството за стил и естетика — кое почнува со парчиња облека — може да се пренесе и на животниот простор, на домот, на архитектурата. ELENA LUKA HOME се обидува токму тоа да го направи: да ги создаде станбени и деловни објекти кои не се само „дом“, туку израз на личност, вкус и начин на живот.

Конкретни примери: од мода до дом. Домашниот проект „FUTURA Complex“ — станбено-деловен комплекс реализиран од ELENA LUKA HOME — беше претставен како „нов современ архитектонски печат на Скопје“, со стандард што одговара на современиот начин на живеење ELENA LUKA продолжува да создава модни колекции — ready-to-wear, венчаници, custom-made креации — со фокус на уникатен, авангарден и префинет дизајн.

Според самите автори на концептите, нивната цел е jасна: не само мода или само градби, туку „личен стил“ и „личен животен простор“, каде што секој детаљ — облеката, ентериерот, архитектурата — е промислен и интегриран

Зошто ваквата синергија има смисла во Македонија?

Во контекст на домашниот пазар, кога модата ретко оди „подлабоко“ од сезонски трендови, а архитектурата — до класична градба, ELENA LUKA / ELENA LUKA HOME нудат нешто поинакво: интеграција на луксуз, дизајн и животна филозофија. Тоа е важен чекор кон тоа Македонија да добие сопствен — и веројатно препознатлив — дизајнерско-архитектонски стил. Со вакви примери, може да се инспирираат и други: дизајнери, архитекти, инвеститори — да размислат не само за „што се продава“ (облека, станови), туку за „како се чувствува“ кога некој ќе ги носи тие парчиња или ќе живее во тие простори.

Автор: Небојша Толески

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.