ELENA LUKA HOMЕ советува: Како да го освежите вашиот дом за пролетната сезона

Кога станува збор за уредување на домот, ELENA LUKA HOME е синоним за стил и инспирација.

Овој пат ви носи ексклузивни совети за освежување на вашиот простор, совршени за пролетна трансформација исполнета со елеганција и свежина.

Цвеќиња

Цвеќињата се заштитен знак на пролетта, па токму затоа потрудете се вашиот дом да има барем неколку свежи букети. Можете да одберете сезонски цвеќиња, како лалиња, нарциси, зумбули, јоргован… Поставете ги онаму каде што има доволно дневна светлина и уживајте во нивниот прекрасен мирис и убавина.

Светли бои

Пролетта ја поврзуваме и со светли тонови, па затоа доколку во вашиот дом преовладуваат темни нијанси, ова е одлично време за промена.Можете да одберете пастелно розова, сина, бледо жолта или минт зелена. Овие бои делуваат смирувачки и освежуваат во исто време, а освен на ѕидовите можете да ги искористите и за перничиња, ќебиња, па дури и за мебелот.

Лесни ткаенини

Со доаѓањето на пролетта внесуваме и полесни материјали како лен и памук. Зимските ќебиња ги заменуваме со повоздушести варијанти, а истото го правиме и со навлаки за столчиња, прекривки за гарнитура, завеси и теписи. Секаде каде што можеме внесуваме пролетни елементи, а со ова, меѓу другото, добиваме и визуелно поголем простор.

Зеленило

Зеленилото е еден од најдобрите начини да ја внесете пролетта во вашиот дом.  Не само што е декоративно туку и го подобрува и квалитетот на воздухот во просторот. Зеленилото исто така делува и релаксирачки па затоа одберете место кое што ќе биде вашата мала, зелена оаза. Доколку сте љубител на саксиско цвеќе пролетта е создадена за збогатување на вашата внатрешна градина.

Природна светлина

Сезоната што ни доаѓа во фокус ја става природната светлина. Денот се зголемува, а тоа е одлична можност светлината да го огрее вашиот дом. За да можете што повеќе да уживате во неа направете ги потребните преместувања на мебелот и останатите елементи во просторот. Доколку сакате да постигнете уште поголем ефект додадете големи огледала коишто ќе ја рефлектираат светлината.

Фото: Pinterest

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian