Еден блејзер, пет различни комбинации

Постојат парчиња облека што никогаш не ја губат својата вредност, а блејзерот дефинитивно е едно од нив.

Доволно елегантен за деловни пригоди, а истовремено доволно лежерен за секојдневни излегувања, лесно се приспособува на различни стилови и прилики. Најпрактичен избор е блејзер во црна, темносина, сива или беж боја, бидејќи лесно се вклопува со останатите парчиња во гардеробата.

Еве пет идеи како истиот блејзер да го носиме во пет сосема различни комбинации.

Со фармерки за опуштен, но среден изглед

7 ideas de Blaser negro con zapatillas para guardar hoy | outfits, moda, ropa y más

Ова е комбинација што ретко разочарува. Бела или црна маица и омилените фармерки создаваат лежерна основа, додека блејзерот внесува структура и доза елеганција. Со мокасини и кожена чанта изгледот добива пософистицирана нота, а со бели патики станува идеален за шопинг, кафе со пријателките или секојдневни обврски.

Со класични панталони за деловна елеганција

Стили одежды для женщин: выбери свой идеальный образ

За деловна средба или ден исполнет со обврски, блејзерот го комбинираме со панталони со рамен или широк крој и едноставна кошула. Црната, сивата, кремавата и темносината боја создаваат хармоничен изглед, без потреба од многу модни додатоци. Чевлите со мала потпетица или класичните мокасини се одличен избор за завршен впечаток.

Со сатенско здолниште за женствен контраст


Ако сакате да внесете нешто поинакво во гардеробата, обидете се да го споите блејзерот со сатенско здолниште со миди-должина. Контрастот меѓу поструктурираниот горен дел и меката, лелеава ткаенина создава интересен баланс. 

Со фустан или плетена комбинација 

9

Блејзерот одлично функционира и преку едноставен фустан, особено во есенските денови кога ни е потребен дополнителен слој. Со плетен фустан и чизми добивате практична комбинација за работа или дневно излегување, додека лесен фустан со патики создава поопуштен градски изглед. На овој начин, едно парче може да ги поврзе различните стилови во гардеробата.

Моден трик: ако фустанот има поширока силуета, пробајте блејзер со појас или модел што ја нагласува половината. Со едноставен фустан со рамен крој, пак, одлично функционира и малку поширок блејзер.

Со црни панталони за вечерно излегување

Glamour Collection 2026 Outfit 2 | Luna Fashion House

За вечерна пригода, истиот блејзер може да добие сосема поинаков карактер. Комбинирајте го со црни панталони, сатенски топ или блуза со интересна текстура, а потоа додадете чевли со потпетица, мала чанта и впечатлив накит. 

Како да го избереме вистинскиот блејзер?

One-button Blazer For Women | Factory

Најважно е блејзерот да одговара на вашиот стил и да може лесно да се комбинира со облеката што веќе ја поседувате.Класичниот црн модел е најлесен за вечерни и деловни комбинации, бежовиот изгледа особено убаво со светли и земјени тонови, додека темносиниот е одлична алтернатива за оние што сакаат нешто помеко од црната боја. 

← Претходен

Среда е за урбан шик