Среда е за урбан шик

За среќен ден...

На средина на работната недела носиме урбана и шик комбинација. Нашиот денешен предлог се кратки, широки панталони од темен тексас во комбинација со крем кошула на риги. 

Овие две парчиња облека ги комбинираме со тенка јакна во маслинесто зелена нијанса и кафеави високи чизми.

Заокружуваме со кафеава чанта.

Ви посакуваме среќна среда.