
Еден од највлијателните архитекти на денешницата, данскиот визионер Бјарке Ингелс, отворено предупредува, современата архитектура сè почесто ја губи својата креативност и станува здодевна.
Во свет во кој градовите растат со забрзано темпо, а инвестициите се сè попретпазливи, архитектурата, според Ингелс, премногу често се сведува на безбедни, предвидливи решенија. Наместо храбри идеи и експерименти, доминираат униформни стаклени и бетонски структури кои не комуницираат со луѓето, ниту со просторот.
Од кралска прослава до глобална сцена
По повод својот 50-ти роденден, Ингелс бил изненаден со прослава организирана од петтиот крал на Бутан, во палатата Деченчолинг. Неговиот студио, Bjarke Ingels Group (BIG), работи на амбициозен проект, таканаречен. „град на свесноста“ (mindfulness city), нов економски центар во близина на индиската граница.
Година подоцна, во своето студио во Бруклин, Њујорк, архитектот го носи и симболичниот подарок од кралот, елегантен часовник од брендот Patek Philippe. Но зад гламурот стои сериозна критика кон индустријата.

Зошто модерните згради се „досадни“?
Според Ингелс, причините се повеќеслојни:
Финансиски притисоци, инвеститорите и акционерите се сè повнимателни, што резултира со избор на сигурни, веќе видени решенија наместо иновации.
Стандарди и регулативи, строгите урбанистички и еколошки правила често ја ограничуваат креативната слобода.
Недостиг на наратив, архитектурата ја губи својата приказна и емоција, станувајќи чисто функционална.
Технократски пристап, градбите се дизајнираат повеќе како системи отколку како простори за живеење.
„Архитектурата треба да биде возбудлива, да инспирира и да комуницира со луѓето,“ е ставот што често го повторува Ингелс во своите јавни настапи.
Архитект кој ја враќа играта во дизајнот
Токму затоа, неговите проекти се спротивност на монотонијата. Од седиштето на Google во Маунтин Вју, до впечатливата станбена пирамида Via 57 West во Њујорк, па сè до енергетската централа CopenHill во Копенхаген која има ски-патека на покривот, Ингелс инсистира архитектурата да биде интерактивна и радикално различна.
Неговото студио моментално работи на нов бејзбол стадион во Лас Вегас, како и на аеродром во Цирих, кој до 2035 година треба да стане најголемата дрвена зграда во светот. Во уште поамбициозен чекор, BIG дизајнира и живеалишта на Месечината за NASA.
Архитектурата како искуство, не само структура
Во време кога многу згради изгледаат како копии една на друга, Ингелс нуди поинаква визија или архитектурата да биде доживување.
Неговата порака е јасна! Ако градовите сакаат да останат живи и инспиративни, тие мора да престанат да играат на сигурно. Зашто, како што сугерира самиот Ингелс, најголемиот ризик денес не е да се биде премногу храбар, туку премногу здодевен.
Н.Т
Од
Архитект
Архитектурата