ELENA LUKA GROUP – добитник на наградата „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“

Високите стандарди во работењето, иновациите и квалитетот што го испорачува, на ELENA LUKA GROUP и ја донесоа престижната награда „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“. Свеченото доделување на наградите се одржа во претседателската „Вила Водно“,  каде наградата на г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) ѝ ја додели претседателката, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, која беше покровител на настанот.

Оваа наградата која традиционално се доделува од Сојузот на стопански комори, е уште една потврда за професионалноста и визионерскиот пристап, кои ја одликуваат ЕЛЕНА ЛУКА во сите сегменти на нејзиното работење.

Честа е навистина огромна. Денеска сме кај нашата почитувана претседателка, г-ѓа Сиљановска -Давкова и ова признание кое го добивме е голема потврда за тековните постигнувања на ELENA LUKA GROUP. Како општествено одговорна компанија, заслужено влеговме во кругот на компании кои го добија ова признание. Оваа награда е резултат и верификација на сè што работевме низ годините како групација. Дополнително, носи посебна вредност и одговорност – да продолжиме со уште поголем интензитет во работењето, со повеќе иновации, квалитет и нови проекти, во модата, градежништвото и медиумите, во сето она што ЕЛЕНА ЛУКА го работи. Ова признание, доделено од Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со нашата претседателка, е огромна мотивација за целата наша компанија.“- изјави г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).

Според г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) успехот на компанијата со која раководи во голема мера се должи на тоа што ELENA LUKA GROUP постојано гледа напред, има амбициозни планови и јасна визија за иднината.

„ ELENA LUKA GROUP функционира според јасно дефинирани принципи. Освен што постојано вложуваме во истражувања и нови проекти, се водиме од принципите на транспарентност, родова еднаквост, инклузија и општествена одговорност. Жените имаат силна застапеност на челни позиции, а нашата работа е насочена кон создавање подобра и поквалитетна заедница. Нашето мото отсекогаш било „Не е важно само колку профит ќе донесеме, туку колку ќе придонесеме за заедницата.“ Овој принцип го гарантира нашиот успех, континуитет и постојан раст на резултатите.“- истакна г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).

За годината која претстои г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) најави значајни проекти и посветена работа во сите сегменти во кои компанијата делува.

„Престојната 2025 година претставува континуитет на нашиот развој. Во делот на модата, започнуваме со нови колекции и месечни презентации, каде свечената линија за дами добива посебен акцент. Во градежништвото, посебно горди сме на проектот ФУТУРА комплекс, лоциран на Борис Трајковски – комплекс со 47.000 квадратни метри кој е во втората фаза на изведба. Овој објект ќе биде пример за иновативна архитектура, функционалност и хармонија со околината, обезбедувајќи сѐ што е потребно за квалитетно живеење. Продолжуваме со работа на нови проекти, а ФУТУРА комплекс е еден од најкапиталните во 2025 година. Со верба, труд и посветеност, сигурни сме дека ќе постигнеме извонредни резултати. Секогаш веруваме дека трудот носи успех, а ваквите признанија се потврда за тоа.“- изјави г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).

ELENA LUKA GROUP беше една од десетте компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и ги исполнија условите за да ја добијат наградата „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“ која традиционално ја врачува Претседателот на Македонија. Оваа награда се врачува секоја година во знакот на оддавање на признание и промовирање на деловните успеси на македонските компании кои дале значаен придонес во развојот на националната економија и нејзина промоција на меѓународно ниво.

Со ова признание  ELENA LUKA GROUP забележа уште едно големо достигнување со кое заокружува една исклучително успешна година.

Бојана Стевческа

 

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian